(ВИДЕО) Прекрасен прилог на хрватската телевизија НОВА за дуелот меѓу претседателот Миленковиќ и премиерот Пленковиќ
(ВИДЕО) Прекрасен прилог на хрватската телевизија НОВА за дуелот меѓу претседателот Миленковиќ и премиерот Пленковиќ
УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Од 81-та седница на Владата: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства; Предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија оди во Собранието; Јунските пензии ќе се исплаќаат од 29 јуни

БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ

СЕКУЛОВСКА: Просто не можам да поверувам дека портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, навистина има изјавено дека- нема да сме имале пандемија и проблеми со корона кризата- економски и здравствени, ако биле искористени вонредните состојби

Каде ни отиде паметот низ годиниве? Просто не можам да поверувам дека портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, навистина има изјавено дека- нема да сме имале пандемија и проблеми со корона кризата- економски и здравствени, ако биле искористени вонредните состојби. А парадоксот да биде поголем, Арсовки дополнува- за тоа што не завршила пандемијата во Македонија, виновна била СДСМ. Дополнитело, Пендаровски бил соучесник на мафијата на Заев, а оваа мафија функционирала подобро и од Коза Ностра. Ете, затоа прашањето на паметот е високо на агендата во оваа држава.

Навистина, никој нема против да биде критикувана СДСМ, Заев и Пендаровски, во ред, доколку заслужуваат, секако. Задоволството на критика на политичарите генерално е секогаш преголемо за да не се искористи, дури и кога имате скоро идеално општество, вековна демократија во полн цут, во најдобрите, најславните денови. Уживањето и навивањето секогаш е на страна на критиката, затоа што во принцип, насекаде, многу од политичарите се боксерски вреќи со крокодилски солзи, тоа барем историјата со посебна сласт ни го сервира низ вековите.

Конечно и за тоа служат политичарите- честа е преголема за да не се искористи и да се пука вербално во сите правци, но, за жал, тие се неуништливи. Ох, кутрите тие, слушнете ги само што се можат да ви кажат, доколку имате трпение кога ве влечат по кошулите и ламентираат. Морале секогаш да газат на јајца за да не ја повредат и најмалата трепавица која надвиснала и се заканува да тресне и да предизвика земјотрес и кај најмалите ешалони, но, тоа е жртвата, и тие, взаемно да признаеме, и покрај се, уживаат. Вечни гадови, но демократијата сама по себе ги носи и најперфидните гниди, колку и да се истресувате, тие, пијавиците, со памук ја цицаат и исплукуваат нашата згрутчена крв. Политичарите се сето тоа, или барем најголемиот дел од нив.

Но, апсурдите на опозицијата, на ВМРО-ДПМНЕ се преголеми за да се замолчи засекогаш, па власта да биде таа што не би можела да ги изброи стаповите кои заканувачки ја опкружиле.

Внимавајте, тие констатации на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се неверојатни, дека пандемијата ќе исчезнела ако биле донесени мудри и соодветни мерки, но не, таа трае во оваа држава затоа што СДСМ се неспособни, некадарни и што веќе уште не. Зарем не е прегорка оваа корона реалност, смртта со која е светот опкружен, пандемијата која, според црните предвидувања и сценарија ќе нападне опасно во следните зимски месеци, па дури и есенски. На кој начин светската пандемија ќе исчезнела во Македонија, господа од ВМРО, ако целата Планета ја исчекува иднината во ужасен страв и ги одбројува деновите кои следат? Оваа земја е изолиран остров можеби, но во вашите предвидувања одеднаш станавме сами, испустени и ќе ја истребиме и последната корона, можеби како Северна Кореја, каде не постои од самиот почеток.

И како да се сфати сериозно ваква партија, добога, која говори за економска и здравствена криза во време на пандемија, после повеќе од 10 години опустошување на истата таа економија и здравство? Станува здодевно и затупувачки воопшто да се говори за кризи, кои надвиснуваат предолго за да се заборави воопшто некој миг кој е зад нас, но, да бидеме сериозни, барем еднаш. ВМРО мора да се концентрира, да одбере ден, кога ќе се прогласи почеток на мислење и размислување- каде одат и зошто воопшто тоа го прават.

Биљана Секуловска за Нова ТВ

loading...

ANIMEFLIX animeflix kimi no na wa: Banana Fish Episode 24

AnimeTV gogo anime tv kissanime: Naruto (Dub) (https://animetv.cc/m/XLl) Episode 220