Кризата којашто ја предизвикува пандемијата на #КОВИД19 особено ги погодува семејствата во социјален ризик и ранливите категории на граѓани.
Заедно со волонтери од партнерските организации, денеска подготвивме хуманитарни пакети со прехранбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата.
Пакетите, во соработка со здруженијата Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness и Проект Среќа ќе бидат поделени на граѓани на коишто најмногу им треба нашата поддршка.
Да бидеме солидарни, да даруваме, да си помагаме.
#ТукаСме #ЕдниЗаДруги.