ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЗАТОА НЕ ТРЕБА МОРАТОРИУМИ И СУСПЕНЗИЈА НА ДУПОВИ: Продаден недвижен имот вреден 693 милиони евра во 2020 година
ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЗАТОА НЕ ТРЕБА МОРАТОРИУМИ И СУСПЕНЗИЈА НА ДУПОВИ: Продаден недвижен имот вреден 693 милиони евра во 2020 година
Кузеска за „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ кочи, седи настрана и се моли државата да не успее, но ќе успееме заедно со граѓаните
Кузеска за „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ кочи, седи настрана и се моли државата да не успее, но ќе успееме заедно со граѓаните
БРАВО - ПО КОРОНА КРИЗАТА СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти
БРАВО - ПО КОРОНА КРИЗАТА СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти
ПРЕКРАСНА ВЕСТ ЗА ВАКЦИНАТА СИНОВАК КОЈА ЈА ОЧЕКУВАМЕ ВО 500 000 ПРИМЕРОЦИ: ИНДОНЕЗИЈА СЕ СПАСИ ОД ПАНДЕМИЈАТА СО ОВАА ВАКЦИНА, ПОДАТОЦИТЕ ДОСЕГА ВЕЛАТ ДЕКА Е 98% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ И 96% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА!
ПРЕКРАСНА ВЕСТ ЗА ВАКЦИНАТА СИНОВАК КОЈА ЈА ОЧЕКУВАМЕ ВО 500 000 ПРИМЕРОЦИ: ИНДОНЕЗИЈА СЕ СПАСИ ОД ПАНДЕМИЈАТА СО ОВАА ВАКЦИНА, ПОДАТОЦИТЕ ДОСЕГА ВЕЛАТ ДЕКА Е 98% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ И 96% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА!
(ВИДЕО) КОМИЧАРОТ НИМЕШ ПАТЕЛ: ЈОГАТА Е ИЗМАМА, ЈА ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ ИНДИСКИТЕ МАЖИ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ЖЕНИ СТЕГНАТИ ВО ХЕЛАНКИ НАПУПЕНИ
(ВИДЕО) КОМИЧАРОТ НИМЕШ ПАТЕЛ: ЈОГАТА Е ИЗМАМА, ЈА ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ ИНДИСКИТЕ МАЖИ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ЖЕНИ СТЕГНАТИ ВО ХЕЛАНКИ НАПУПЕНИ
СЕГА ЌЕ СЕ КАЕ ШТО НЕ ИЗБЕГА КОГА МОЖЕШЕ - Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски
СЕГА ЌЕ СЕ КАЕ ШТО НЕ ИЗБЕГА КОГА МОЖЕШЕ - Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски
(ВИДЕО) Премиерот на Шпанија Санчез до македонските граѓани: Оддаваме почит кон премиерот Заев и сите граѓани, може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ
(ВИДЕО) Премиерот на Шпанија Санчез до македонските граѓани: Оддаваме почит кон премиерот Заев и сите граѓани, може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда

СЕММ: Интернет – порталот „Мактел“, со текстот насловен „Жестока реакција на припадниците на единицата Тигар за новинарските написи за специјалка која била незаконски деградирана“, го прекрши Кодексот на новинарите во членовите 1 и 7

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата
одржана на 24 декември 2020 година, врз основа на примена жалбa од Марија Смилевска, ја
донесе следната:
О Д Л У К А

ЖАЛБА
До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија, на 17 декември
2020 година, Марија Смилевска поднесе жалба за текстот со наслов „Жестока реакција на
припадниците на единицата Тигар за новинарските написи за специјалка која била незаконски
деградирана“, објавен на 16 декември 2020 година, на интернет – порталот „Мактел“
(www.maktel.mk).
Во жалбата се наведува дека текстот содржи дискриминација, неточно и нефер известување,
нарушување на приватноста и омаловажување на честа и угледот со лажни информации без
конкретни факти, односно дека Кодексот на новинарите е прекршен во членовите 1, 7 и 10.

ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ

Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на
Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со интернет –
порталот „Мактел“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата.
Уредникот на „Мактел“, Саше Ивановски, одговори на наводите. Посочи дека ја прифаќа
жалбата, свесен е за пропустот и дека како медиум е подготвен да се извини и да објави
демант.

„Писмото го добивме од припадници на единицата Тигар и го објавивме, но немавме
можност да ги провериме наодите во писмото и затоа сме спремни да се извиниме и да
објавиме демант доколку тоа го бара споменатата личност во писмото“, вели Ивановски
во одговорот.
Тој, воедно, потенцира и дека би сакал да се отпочне процес на медијација, односно
помирување со жалителката. Извршната канцеларија на СЕММ, стапи во контакт со
жалителката и ја извести за одговорот и искажаната спремност за медијација од интернет –
порталот „Мактел“. Во комуникацијата со извршната канцеларија на СЕММ, подносителката
на жалбата, Марија Смилевска, информираше дека не ја прифаќа понудената медијација,
односно:

„Во врска со понудените опции и предлогот за медијација, ве известувам дека истите не
ги прифаќам. Новинарот и интернет порталот кој го објави текстот свесно го наруши
мојот углед и достоинство понижувајќи ме како личност и како припадник на МВР. Заради
клеветите кои се објавени јас се соочувам со психички проблеми и проблеми во
семејството. Информациите кои се даваат во јавноста треба претходно да бидат
проверени, бидејќи откако ќе се објават навреди и клевети е доцна за извинување бидејќи
штетата е веќе направена“.

По добиениот одговор, Советот за етика одлучи да ја продолжи постапката и да одлучува по
жалбата на Марија Смилевска.

ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ
Комисијата за жалби утврди дека жалбата е ОСНОВАНА. Комисијата едногласно одлучи дека
Кодексот на новинарите на Македонија е прекршен во членот 1, а со мнозинство гласови и
во членот 7.

Член 1: „Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што
се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема
да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата
не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа
треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку
што е тоа можно“.

Член 7: „Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во
спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен личната болка и жалост.“
Комисијата во оспорениот текст не најде доволно елементи за да констатира и
дискриминација, ниту прекршување на членот 10 од Кодексот на новинарите, на кои упатува
подносителот на жалбата.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА
На седницата на 24 декември 2020 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа
наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина.
Комисијата, најнапред, заклучи дека оспорениот текст произлегува од јавниот интерес, но не
и на начин на кој е обработена содржината. Новинарскиот производ е едностран и не
обезбедува минимим објективна информација, ниту согледување на различни аспекти на
темата за која се говори.

Порталот „Мактел“ пренесува писмо/реакција на припадници на Единицата за специјални
задачи „Тигар“ при МВР, во која се реагира на искажани поплаки на нивна колешка дека била
незаконски деградирана на работното место во Единицата. Реакцијата, чија веродостојност
не е потврдена во самиот текст, е објавена интегрално, но медиумот воопшто да наведува
какви било извори за да се поткрепи релевантноста на документот. Во текстот нема никакви
детали околу потеклото на писмото или линк до содржината, од каде е преземено, ниту
податок дали зад објавената реакција стои целата Единица или можеби одредена група
анонимни припадници во единицата „Тигар“. Во отсуство на таква потврда, објавениот текст
отвора реална опасност од дезинформирање и манупулации со јавноста, а авторот пред
воопшто да ја објави содржината, морал да покаже резерва и сомнеж кон изнесените
обвинувања и да ја провери информацијата колку што може повеќе.

Во име на професиналното новинарство, новинарот требало прво да ја даде базичната
информација, поврзана со тоа дали и зошто била деградирана припадничката на МВР, која е
предмет на обвинувања во писмото на нејзините колеги. Авторот требало да ја прошири
темата и да побара одговори од Министерството за внатрешни работи, со што, несомнено, ќе
обезбедел пообјективна и појасна слика на темата и ќе можел да ја лоцира евентуалната
одговорност за случајот.

Оттука, членовите на Комисијата најдоа дека интернет порталот „Мактел“ го прекршил членот
1 од Кодексот на новинарите, чија отстапка особено е нагласена во следните цитати од
текстот, односно од објавеното писмо:
„Прво: Драга колешке ТИ никогаш не исполнуваше условите и критериумите да
бидеш припадник на елитна единица од рангот на ЕСЗ, затоа што го упропасти
селективниот курс односно и бевме приморани да те влечеме, да ти ја носиме
опремата на терен, не можеше ниеден марш да изодиш сама, кажи си како те возеа
во џип додека ние одевме по 100 километри.“

„Беше толерирана поради твојот татко кој беше припадник на ЕСЗ. Не исполнуваше
ни една физичка активност –задача која ни беше зададена.“
Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа
новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку
два меѓусебно неповрзани извора. Изборот на фактите мора да обезбеди објективна
информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори. Потребата
од брзина никогаш не смее да ги загрози точноста, кредибилноста и професионалноста на
прилогот.

Воедно, новинарот треба да обезбеди „втора страна“, односно да им даде можност на сите
засегнати во новинарскиот производ да го кажат својот став. Ова особено во случаи кога
новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад и критика.
Во продолжение, мнозинството од членовите на Комисијата заклучија дека во текстот се
изнесуваат и детали кои одат во насока на нарушување на приватноста на личноста. Став на
Комисијата е дека во содржината е изнесен доволен обем на информации, вклучително и
иницијалите на припадничката на ЕСЗ и нејзините роднински врски, со кои може да се
идентификува личноста.

Оттука, Комисијата најде дека во текстот е прекршен и членот 7 од Кодексот на новинарите,
чија отстапка се издвојува во следните цитати од текстот:
„Ги испокара затоа што имаше специјалност да флертуваш и влегуваш во премногу
блиски односи буквално со целата единица!“
„Трето: Те знае твојот сопруг уште од Идризово каде направи раздор во тимот и
се зближи со колегата Д..(од твојот тим) го испонижи пред сите нас 330 што бевме
на обука.“
„Иако татко ти му ветуваше дека ќе работи во ЕСЗ тој период бевте скарани и тој
отиде да работи во ЕБР-му ја уништи животната желба.“
Информации за приватниот живот на одредена личност можат да бидат објавени само
доколку однесувањето на таа личност во приватниот живот има влијание врз јавниот интерес.
Во такви ситуации треба да се провери дали објавувањето на информацијата би можело да
загрози и некоја друга личност.
* * *
Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено.
Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Теофил Блажевски,
Лилјана Пецова – Илиеска и Ердем Ахмет.
Се обврзува интернет – порталот „Мактел“ (www.maktel.mk), во согласност со членот 18
од Деловникот за работа на Комисијата за жалби, да ја објави оваа одлука.

Со почит,
Совет за етика во медиумите на Македонија Претседател на Комисијата за жалби
Мирче Адамчевски

loading...

AnimeFreak animefreaks website: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 7 (https://animefreak.ws/m/Z8qX/ep-7)

AniWatch anime sites: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 8 (https://aniwatch.pro/m/al8A/ep-8)