СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати

Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата

СЕП објаснува зошто Македонија не доби ни евро од солидарниот Фонд на ЕУ: Во првиот бран од кризата немавме доволно расходи

Поради квалитетното и навремено менаџирање на државните финансии во здравствениот сектор, како и поради брзата и ефикасна организација на државните институции кога беше обезбедена голема количина на донации во борбата со ковид-19 (заштитни средства, маски, медицинска опрема, респиратори итн) кои не предизвикаа дополнителни расходи за овие потреби, минимумот кој беше проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не беше постигнат, објаснува Секретаријатот за европски прашања зошто македонија не доби ни евро од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ.

Од таму информираат дека во април 2020 год., Европската Унија одлучи да го прошири опфатот на Фондот за солидарност на ЕУ (ФСЕУ) како резултат на кризата настаната со пандемијата од ковид-19 и кон земји кои не се членки на Унијата. Искористувањето на средствата од овој Фонд зависи од исполнувањето на праговите поставени од страна на Европската Унија во однос на вкупните расходи кои земјата во определен период ги има насочено за справување со последиците од ковид-19.

– Во таа насока, Секретаријатот за европски прашања подготви Информација за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската Унија за справување со финансиското влијание на ковид-19 во здравствениот сектор. Информацијата со детални информации за можностите и за начинот на аплицирање за користење на помошта, беше разгледана и усвоена на 51-та седница на Владата на Република Северна Македонија (одржана на 12.5.2020 год.), по што се иницираше прибирање на податоци за итните трошоци поврзани со ковид-19, настанати на централно и локално ниво. По обработката на собраните податоци, доставени од институциите и општините и нивното дополнување со податоци за склучени договори за ковид-19 достапни на страната на Бирото за јавни набавки, беше констатирано дека Република Северна Македонија не го исполнува основниот предуслов за користење на ФСЕУ – велат од СЕП.

Од СЕП додаваат дека поддршката од ФСЕУ била условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3 отсто од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Македонија овој праг изнесувал 30.852.000 евра и истиот не бил достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесувал 7.670.831 евра.

За финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификуваа расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да настанат во период од 4 (четири) месеци, сметано од датумот кога земјата која што аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата беше периодот 10.03. – 09.07.2020 год.

loading...

anime heaven. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

english anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

animes online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

free anime Attack on Titan Season 3

animeheaven app Your Lie in April

To Your Eternity Episode 20