Се надевам Ахмети еден ден ќе заврши како Груевски, вели Села
Се надевам Ахмети еден ден ќе заврши како Груевски, вели Села
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период

Шахпаска: Ќе се воспостави мрежа за заштита на работниците при стечај

Воспоставување на гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците, односно во случај на стечај на компаниите во кои работеле, има за цел проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавец” што во земјава ќе се спроведува во наредните 18 месеци.

– Целта на овој проект е создавање гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците во согласност со минималните барања дефинирани од Директивата на ЕУ 2008/94 како и во согласност на националниот социо-економски контекст. Со законот што треба да биде донесен, дополнително, се врши хармонизација на нашето законодавство со она на ЕУ, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на почетокот на твининг проектот.

Таа додаде дека еден од клучните постулати на европската социјална правда е обезбедување повисока социјална заштита на вработените, како и правна и институционална рамка која ќе гарантира почитување и заштита на работничките права во секоја фаза на деловното работење на нивните работодавци и оти тоа е целта што треба да се постигне со спроведувањето на овој проект.

– Зајакнувањето на институционални капацитети на МТСП и другите релевантни чинители се клучен фактор за успешно транспонирање на Директивата во националното законодавство и натамошно спроведување, рече Шахпаска.

Стефен Худолин, раководител на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, вели дека треба да постојат силни механизми за заштита на правата на работниците, затоа што, како што рече, не станува збор за статистичка бројка, туку за човечки судбини.

– Без оглед на причините за стечај, тоа е нешто што многу тешко се доживува секаде. Но, она што е уште потешко се последиците од нечиј стечај, кои можат да бидат губење на илјадници работни места. И тука не зборуваме само за статистички податоци, туку зборуваме за луѓе кои ги губат своите работни места и наеднаш стануваат ранливи бидејќи немаат со што да ги поддржуваат своите семејства, рече Худолин.

Затоа, додаде, работниците треба да бидат на исто ниво како и сите други доверители, треба да имаат заштита на нивните права и на она што им е потребно на нивните семејства.

Воспоставување на ваквиот систем, како што беше посочено, бара соработка на повеќе чинители и тоа е нешто што овој проект што се спроведува помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија како главна институција корисник и Министерството за труд и социјални работи и семејство на Република Словачка, заедно со Регионалната развојна агенција од регионот на Братислава, Словачка, треба да го овозможи.

Словачкиот амбасадор во РС Македонија Хенрик Маркуш истакна дека Македонија и Словачка се традиционално пријателски земји, и оти Словачка постојано ќе ја дава својата поддршка на земјава на европскиот пат.

– Овој проект е одлична можност за заедничка работа и планирање на иднината во социјалната сфера со силен фокус на зајакнување на правата на работниците во случај на несолвентност на нивните работодавци, и со тоа да се подобри социјалниот систем во вашата земја, рече Маркуш, додавајќи дека добрата заштита на правата на вработените треба да биде во центарот на напорите на секоја влада.

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

My Hero Academia Season 4 Episode 21

AnimeHeaven DARLING in the FRANXX Episode 17

AnimeHeaven 6 LOVERS Episode 3

anime to watch The Rising of the Shield Hero (Dub)

AnimeHeaven Seirei Gensouki: Spirit Chronicles Episode 6

tải go88