Тупанчески: Со Хашката конвенција се олеснува признавањето и извршувањето на пресудите во граѓански и трговски предмети на земјите од Западен Балкан
Тупанчески: Со Хашката конвенција се олеснува признавањето и извршувањето на пресудите во граѓански и трговски предмети на земјите од Западен Балкан
(ВИДЕО) МВР СО ДЕМАНТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП КОЈ ДЕНЕСКА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЈА ОБВИНИ ЛОКАЛНАТА ПОЛИЦИЈА ДЕКА НЕ РАБОТИ НИШТО И ДЕКА ВО ГРАДОТ ВЛАДЕЕ КРИМИНАЛОТ
(ВИДЕО) МВР СО ДЕМАНТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП КОЈ ДЕНЕСКА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЈА ОБВИНИ ЛОКАЛНАТА ПОЛИЦИЈА ДЕКА НЕ РАБОТИ НИШТО И ДЕКА ВО ГРАДОТ ВЛАДЕЕ КРИМИНАЛОТ
ВМРОВЦИТЕ ГАДНО СЕ ИЗЛАЖАА: МИСЛЕА ДЕКА МОЖАТ ДА ГО НАВРЕДУВААТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ И ДА ГО КЛЕВЕТАТ А ТОЈ МИРНО ЌЕ ИМ МОЛЧИ И НЕМА ДА ИМ ВРАТИ?!
ВМРОВЦИТЕ ГАДНО СЕ ИЗЛАЖАА: МИСЛЕА ДЕКА МОЖАТ ДА ГО НАВРЕДУВААТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ И ДА ГО КЛЕВЕТАТ А ТОЈ МИРНО ЌЕ ИМ МОЛЧИ И НЕМА ДА ИМ ВРАТИ?!
(ВИДЕО) Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”
(ВИДЕО) Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”
МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна
МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски

Шахпаска: Реди – рециклажа е за социјално претпријатие со кое ги штитиме ранливите категории на граѓани – собирачи на отпад

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на промоцијата на новото социјално претпријатие РЕДИ Рециклажа кое има за цел да ги заштитува социјално ранливите категории на граѓани-собирачи на отпад, формализирајќи ја нивната работа. Поради придобивките што ќе ги носат ваквите претпријатија Владата и Министерството за труд и социјална политика уште пред неколку години го започнаа проектот за техничка помош финансиран преку ИПА „Поттикнување на социјалното претприемништво“.
Министерката информираше дека Владата на последната седница, оваа недела ја усвои Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија 2021-2027 и Акцискиот план 2021-2023 за спроведување на Националната стратегија за социјални претпријатија. Исто така министерката најави дека во првата половина на наредната година ќе биде подготвен и Законот за социјални претпријатија.

„Овие претпријатија ќе обезбедат сигурна и стабилна иднина за тешко вработливите лица, за лицата во социјален ризик, поранешни зависници, или лица кои порано биле во судир со законот. Сите овие граѓани на нашата држава, преку социјалните претпријатија ќе добијат можност да се вклучат во заедницата, да заработуваат за сопствена егзистенција. Затоа потребни се мерки и решенија коишто ќе ги подобрат условите за нивна работа и ќе создадат директни и индиректни придобивки за македонското општество. Ова значи промени во легислативата, државни програми за материјална поддршка и избор на модел за нивно организирање“, рече Шахпаска.

Шахпаска информираше дека до крајот на наредниот месец ќе биде отворен и Центарот за поддршка на социјалните претпријатија чија основна цел ќе биде имплементацијата на Националната стратегија за развој на социјалното претприемништво. Центарот соработувајќи со бизнис секторот, локалните и државните институции треба да ги изгради нивните капацитети.

Шахпаска во своето обраќање на „Отворениот ден – Реди Рециклажа“, посочи дека основната мисија на Владата од 2017 година, е промовирање и градење на концептот „Едно општество за сите“ кое не значи само обединето општество во мултиетничка смисла, иако и овој сегмент е многу важен.

„Едно општество за сите“ значи и општество кое нуди еднакви шанси за сите, еднаков пристап до ресурси за сите, општество кое е отворено да пружи поддршка на оние граѓани кои се соочуваат со одредени предизвици и општество кое ќе им понуди решение и можност за напредок“, рече Шахпаска.

Отпадот е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочуваме како земја. Годишно се генерираат околу 800 илјади тони отпад, кои речиси целосно завршуваат на депониите низ земјава. Главната улога во процесот на собирање на отпадот имаат неформалните собирачи, кои преку сопствена иницијатива, но и по цена на нивното здравје собирањето отпад го гледаат како начин за егзистенција за себе и за нивните семејства.

Стратегијата на РЕДИ – Рециклажа, социјално претпријатие раководено од Роми собирачи на секундарни суровини кои користат циркуларна економија за рециклирање на секундарни суровини, ја промовираше директорот Асиб Зекир. На настанот беа присутни и министерот за животна средина Насер Нуредини и амбасадорот на Австрија Георг Вутсас.

loading...

go88 otp bot go88 ios go88 go math

sunwin đánh cho iphone tại sunwin pc sunwin apkpure