Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Шаќири: Инклузивното образование е практика која постојано се надградува, но институциите на системот имаат потреба од поголем општествена поддршка

Градењето инклузивно образование е долготраен и комплексен процес, што подразбира постојано подигнување на нивото на поддршка, но само со вклучување на целото општество во остварувањето на правата на децата со атипичен развој се овозможува тие да стекнат знаења и вештини и да израснат во граѓани кои можат да се реализираат себе си и да придонесуваат за целата заедница. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири во обраќањето на тркалезната маса „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“, во организација на Народниот правобранител.

„Инклузивното образование во Република Северна Македонија не е само образовна политика туку и образовна практика. Изминатите неколку години, како министерство вложивме многу во подигнување на нивото на инклузивност на образовниот систем и воспоставување на достапно, квалитетено и праведно образование за секое дете. Наша цел е создавање национален образовен систем кој се грижи за различните потреби на децата и ги интегрира во редовна настава, прилагодена на нивните можности“, рече Шаќири.

Во редовно образование, во основните училишта се вклучени вкупно 911 ученици со посебни образовни потреби и 312 во средно образование. Тоа е резултат на реализирање сет активни образовни политики поткрепени со континуирано зголемување на буџетските ставки за инклузија.

Министерот Шаќири посочи дека Министерството ангажираше 500 образовни асистенти кои им помагаат на инклузивните тимови составени од наставник, стручен соработник и родител. Со интензивни обуки се овозможи поквалитетна настава за децата со атипичен развој, но и за децата со типичен развој, затоа што образовната асистенција за првпат значи интегрирање на учениците и следење заедничка програма.

„Почнувајќи од оваа учебна година, материјалите за учење за прво и за четврто одделение се достапни во електронска и аудио верзија, и за прв пат и на Брајово писмо за сите ученици со оштетен вид. Следните неколку години, етапно, тоа ќе го направиме и за останатите одделенија од деветолетката“, рече министерот.
За променетата улогата на посебните училишта, кои сега работат како Основни училишта со ресурсен центар, Шаќири објасни дека тие се задолжени да обезбедуваат стручна помош и поддршка на општинските основни училишта и на учениците со попреченост вклучени во редовниот образовен систем. Со техничка поддршка од УНДП и во средните училишта, по примерот на основните, од септември ќе почне имплементација на образовна асистенција. Досега се ангажирани 79 асистенти и започнати се обуки во трите регионални центри за стручно образование во Охрид, Тетово и Куманово за инклузивно образование.

МОН континуирано работи и на зголемување на бројот на дефектолози и специјални педагози, на обуки на наставниците кои работат со децата со посебни образовни потреби, како и на зголемување на бројот и обученоста на образовните асистенти. За подобрување на пристапноста и достапноста на образовните институции, поставен е услов за одобрување средства за реализација на капитални проекти, објектите да мора да бидат лесно пристапни за лица со попреченост.

„Сите ние, секојдневно, треба да работиме на надминување на сé уште присутните сфаќања дека на овие деца не им е местото во редовното школување. Само да потсетам дека вклучувањето на децата со посебни образовни потреби во редовно образование е добро за сите деца, затоа што гради солидарност и ја намалува стигматизацијата, и истовремено е извор на ресурси за општеството – поттикнува на откривање нови можности, како кај наставниците така и кај соучениците. За да прераснеме во заедница која се грижи и нуди можности на различните од нас, најважен услов е сите да прифатиме дека попреченоста не е бариера туку можност“, заклучи Шаќири.

Во дискусиите за инклузивното образование и добрите практики за негова реализација учествуваа и претставници на Бирото за развој на образованието, на основните училишта со ресурсни центри, граѓанските организации, Министерството за труд и социјална политика и други.

Министерство за образование и наука

loading...

ảnh ăn tiền go88

sunwin miễn phí tải game sunwin sunwin đổi thưởng SUNWIN - Nhà Cái Game Bài Uy Tín Nhất Thị Trường 2022