ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР ОБВИНУВА ДЕКА ДРЖАВНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ПОРАНЕШНА ТРЕСКА СЕ ПРОДАВА ЗА БАГАТЕЛА, ОПШТИНА ЦЕНТАР ДЕМАНТИРА, РЕАГИРАА И СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПАРЦЕЛИ

Шанса за Центар денеска имаше прес по што го дадоа следново соопштение:

Почитувани сограѓани, медиуми и соседи,

Шанса за Центар сака да укаже и да предупреди за можни случувања поврзани со градежните активности на просторот на фабриката Треска.

Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на ф-ка Треска на начин што ќе ги обезбеди интересите на поединци и инвеститори, но нема
да се заштити јавниот интерес. Во обид да превенираме и со време да ја информираме јавноста сакаме да ги посочиме следниве точки и да поставиме неколку прашања за кои до денеска немам добиено официјален одговор:

• Резултатите од идејните решенија од конкурсот за ф-ка Треска сѐ уште не се јавно обелоденети. Иако Општината вети дека ќе имаме изложба чекаме повеќе од 6 месеци за да ги видиме понудените и наградени решенија. Градоначалникот
одбива соработка и со Партиципативното тело за урбанизам кое го бара објавувањето и ветената изложба.
• Шанса за Центар повеќе месеци бара податоци за состојбата и третманот на државното земјиште на овој потег. Дали е продадено или не? Дали се дооформуваат парцели или не по стариот план, непочитувајќи ги конкурсните решенија. Да потсетиме – повеќе од 47 отсто од земјиштето е државно и не смее да се случи тајна продажба и дооформување на парцели по закони кои не го штитат јавниот интерес ниту граѓаните. Промените на законот за урбанистичко планирање не влијаеа на промена на планирањето во интерес на заедницата, ниту успеаа да ги разбудат институциите за запирање на штетните планови од 2012.
• Јавно прашуваме зошто после 5 години законите и уредбите за дооформување парцели во сооднос имаш 30% си докупуваш 70% сѐ уште не се променети, или се распродава имот во Центар во четири очи за багателни цени. Зошто системот за продажба на државно земјиште нема никаква транспарентност за јавноста? Зошто легализацијата се дозволува и се спроведува полесно отколку справувањето со дивоградбите, а за тоа никој не одговара?

Ги повикуваме сите институции, невладини органзиации и оние кои треба да го заштитат јавниот интерес и интересот на државата да го следат случајот околу ф-ка Треска за да не ни се повтори ситуација како кај Холидеј ин, Нова Македонија и други места низ Центарот на градот.

Бараме општината да одговори на следните 3 прашања:
1.Дали и колку државно земјиштее продадено или е во фаза на продажба на овој потег во последната година;
2. Коганајпосле ќе ги видиме решенијата од конкурсот за Треска и
3. Дали градоначалникот свесно ги занемарува и работи спротивно од одлуката на претходниот Совет и во договор со малкумина е спремен да направи штета за многумина?

Шанса за Центар ја продолжува заложбата во Советот за похуман и подостоинствен Центар и неуморно ќе се бори за интересите на граѓаните на Центар. Ќе продолжиме со барања за транспарентно и отчетно управување со општината, и запирање на инвеститорскиот урбанизам кој е спротивен на оддржливиот развој на државата. На средина на 2022 ние не смееме да си дозволиме реализација на планови од 2012 покажувајќи немоќ. Последиците од тие планови се видливи и не придонесоа за поубав град за неговите жители туку за обезличување, нагрдување, бетонизација, губење зеленило, интензивен сообраќај, топлотни острова, неотпорност на климатски промени. Сите заедно имаме обврска да не ги повторуваме научените грешки.

Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат и будно да следат како се менува градот , а со тоа се менува и нашиот живот и секојдневие. Само активни граѓани можат да придонесат за демократско општество.

На ова реагираше општина Центар:

Општина Центар: Остро демантираме дека се продавало државно земјиште во „Треска“, Шанса за Центар манипулира

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“ која по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба.

За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа.

Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.
Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување.

Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.

На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните.

По денешната прес-конференција одржана од страна на „Шанса за Центар“, сопствениците на приватни парцели на локацијата кај „Треска“ реагираа експресно со демант.Според нив нивните имоти на тој простор се легално купени и „Шанса за Центар“ манипулира.

-Ние сопствениците на приватните имоти во напуштениот индустриски капацитет „Треска“ во општина Центар остро реагираме на изнесените невистини и обвинувања од страна на „Шанса за Центар“ и претседателката на Советот, Јана Белчева. Тие денеска се обидоа да претстават во јавноста дека нашите приватни имоти, кои сме ги купиле на најлегален начин, се дел од некакви законски малверзации и неправилности.

Во целост демантираме дека како сопственици на приватните парцели, ни било „тајно“ продавано државно земјиште за дооформување на нашите приватни имоти и целосна лага е дека во „четири очи“ се продава државно земјиште. За ваквите обвинувања бараме итно извинување од Белчева и „Шанса за Центар“.

Понатаму, лага е дека 47% од земјиштето кое е државно ќе се распродава. Одговорно тврдиме дека државното земјиште останува државно, а за додоформување на имотите има уште 15% и тоа се прави согласно законот. Сè останато е во државна сопственост и спаѓа во делот на улиците, тротоарите и други јавни површини. Зошто Белчева се обидува да манипулира со вистинските бројки прикажувајќи дека се „разграбува“ државен имот?

Ние имаме право и согласно закон сè што бараме е да со го оствариме тоа право. Дополнително, ние како сопственици на имотите во комплексот ќе направиме парк со големина од над 9.400 квадрати, како и дополнителни зелени површини од 20%, иако истите не се воопшто предвидени со актуелниот ДУП. Сите овие работи „Шанса за Центар“ се обидува да ги прикаже погрешно во јавноста.

Ние нема да се откажеме од нешто што ни е загарантирано со Устав. „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат да ни ги ускратат правата на нашето парче простор. Веќе три години поминуваме низ голгота и трпиме огромни штети заради политичките хирови на Белчева. Конкурсот на кој се повикува таа е целосно невалиден и спротивно на било кој закон бидејќи во него не е испочитувано правото на сопственост. Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право? Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка.

Ја информираме јавноста дека како сопственици на тие имоти подготвуваме тужба за нанесена штета во износ од 50 милиони евра. Белчева и останатите ќе треба да одговорат пред граѓаните како општината ќе ни ги надомести средствата во случај овој притисок од нив да продолжи.

За крај, дали „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат напуштената фабрика „Треска“ уште долги години да остане огромна депонија, еколошка бомба во срцето на Општината? Под превезот на „граѓански активизам“, претставувајќи се дека ги застапуваат интересите на жителите на Центар, сведоци сме како „Шанса за Центар“ наместо да нудат решенија на проблемите, тие се кочничари. До кога ќе градат политички кариери со блокади без решенија?

Апелираме до градоначалникот Герасимовски дека нема да толерираме повеќе блокади и дека ќе си ги бараме правата пред судовите доколку продолжат незаконските опструкции. Бараме во најскоро време да се завршат барањата за дооформување на парцелите кои ни следуваат законски и конечно да се реши проблемот кој никому не носи добро, освен на оние кои сакаат политички да профитираат од него, стои во реакцијата на сопствениците на имоти чија реторика, закани и квази ветувања потсетуваат на тие на компаниите што градат кај „Холидеј Ин“.

Како сопственици на имотите се запишани фирмите Голден Арт, Мега, Акустик, Пелистер и група физички лица.

loading...

Tải game bài đổi thưởng Go88 nhận code 100K miễn phí go88 info go88 phiên bản mới nhất

sunwin apk 2020 game bài sunwin truc tuyen tại sunwin cho android