С.
Бозовце – Скакалички предел – увек добра идеја за планинарска тура на Шара.
Поготово ако идеш по горната, немаркирана, од планинари многу ретко газена патека, која проаѓа низ питомите, сега скоро напуштени од људи пасишни предели Селиште и Стрга, и пребогатиот со извори и вода Уѓон. Нам посебно драга патека. Се надевамо од догодина по неа масовно ќе се движа планинари, на меморијал у чест на чичко Мио од Куманово.
Патека по која убоо је да се движиш ако сакаш да го посетиш Скакало и ради живописното место за пауза испод Бриња Шахит и видикоецот Гури Зи. И посебно ради тоа што је блага, наизменично газиш и низ скроз рамни делоој, цело време по малу те качуе, не ти га ваѓа душата за нагоре ка долот на Скакаличка река и водопадот. А ти дава и фин поглед према Косово од седлото на граничниот срт.
А од таму скоро по изохипса нак’ј Скакаличко Езеро. Езеро – приказна за себе. Кој не бил – не знае. Кој не се осеќа спремен да отиде, нека билда кондиција за да може да го посети. Езеро кое је посебно магично ако го начекаш со кристално чисто небо и отворени за поглед Кобилица, Вртоп и компанија.
А од езеро можеш и на Скакалички Врв или врвот Маја. Или двете. Па ако ти дозволи времето – да се изнагледаш видици од двата врва, нема што не се гледа – меѓу другото и најубоото од Шара – Лешница и Кривошија.
И наравно, слагање од к’ј величенствениот Скакалички водопад. И прикључуење на путот кој десно иде нак’ј Лешница, а лево те враќа у Бозовце. Пут којшто у есен свите треба да го дожива ради милионите нијансе.
Планинарска тура у која све ќе осетиш, пројдеш и видиш, и ледничко езеро, и два врва, и водопад, видиковци, пасишта, камења, визуре, погледи, ливаде, потоци, а само 18 км си изодел. Тоа је Шара, Македонија.
#SharaMountain
#ШараНаша
#ШарПланина
#Macedonia
Бошко Видоески