Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО

ШЕФОТ НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКА БИЗНИС КОМОРА СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО КОВАЧЕВСКИ И ПЕТКОВ: Запрете го миграцискиот пустош кој ни се случува во двете држави и договорете се да останеме тука и да живееме едни покрај други во хармонија, наместо некаде далеку, да бидеме Mакедонци и Бугари во Македонија и Бугарија, наместо странци во Англија и Германија

Почитувани премиери на Владите на Бугарија и Северна Македонија,
господин Кирил Петков и господин Димитар Ковачевски,

Преку ова отворено писмо сакам од мое лично име како претседател на македонско-бугарската
стопанска комора и од име на сите оние кои партиципираатво неа, да го изразам задоволството од
најавената средба која има можност да биде и историска ако двете страни имаат поглед кон
иднината.

Ја имате почитта и поддршката од целата комора да пристапите кон суштинските проблеми кои ги
тиштат двете општества и да најдете решенија кои на двата народа ќе донесат прогрес, иднина,
работни места, економија и поврзување.

Имате историска должност кон сите оние кои живеат денес и ќе продолжат да живеат и утре, или
после 10, 30 или 50 години, затоа што денес ја пишувате иднината и новата историја, историја во
која ќе пишува дека Вие двајцата лидери сте нашле решение во кое ќе има нови автопати, нови
гранични премини, во кое ќе профункционира железничката трансверзала, ќе имаме директен лет
Скопје-Софија, и решение во кое ќе дефинирате иднина во која ќе се разговара колку многу наши
драги соседи од Бугарија ќе дојдат во Охрид или Маврово, а колку Македонци ќе отидат во Банско
или Сончев Брег. Создадете иднина за која ќе се зборува со силни емоции, со среќа и љубов за
двата народа, за благосостојба на нашите деца. Создадете енергија за нашите народи да се
почитуваат, поздравуваат и да се прегрнуваат каде и да се сретнат. Нели сме братски народи со
заедничко минато и уште позаедничка иднина? Да зборуваме за гасоводи, автопати, ветерници,
хидроцентрални, фотоволтаици, да ги споиме нашите народи во земјоделието, туризмот,
одбраната и образованието.

Имаме толку многу заедничко, а толку малку разлики, можеме многу повеќе во економијата и
трговијата.

Посејте го семето на пријателството наместо на омразата, тоа впрочем им го должиме на нашите
деца и поколенија.

Запрете го миграцискиот пустош кој ни се случува во двете држави и договорете се да останеме
тука и да живееме едни покрај други во хармонија, наместо некаде далеку, да бидеме Mакедонци и
Бугари во Македонија и Бугарија, наместо странци во Англија и Германија.
Нашите економии и трговска размена имаат огромен потенцијал за да нашиот капитал и
работници останат тука.
Се друго е ризик за нашите држави бидејќи живееме во најтурбулентните времиња кои носат
многу неизвесности и опасности изразени преку наголемата енергетска, пандемиска и економска
криза.

Вие доаѓате од бизнисот, исто и јас, знаеме што е бирократија, корупција, блокади, пречки и знаете
што треба да направите за да го елиминирате сето тоа.

Во светло на денешната средба и заедничката иднина ја имате целокупната нашата поддршка. Ве
чека многу работа, но иста цел! Направете чекори кои ќе не зближат, а ние како народи ќе знаеме
да го почитуваме тоа!

Бидете оние кои ќе ја напишат новата економска историја и за кои ќе се зборува многу долго од
денес па натаму.

loading...

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

sites to watch anime Gintama

AnimeFreak My Hero Academia Season 3 Episode 23

AnimeFreak My Hero Academia Season 5 Episode 18

animefreaktv Tokyo Revengers

animefreak AnimeFreak Naruto: Shippuden (Dub)

tải go88