Секогаш досега сум настојувал да влеам доза на ентузијазам и покрај тешките околности во кои сме се наоѓале. Меѓутоа, морам да кажам дека некако сега ми се поклопуваат коцките на база на информациите што ги имаме дека ќе имаме исклучително напорна година, да не речам лоша година, живеејќи паралелно и со здравствена криза и со економска криза и со сите други проблеми кои ги имаме во нашето работење.
Мислам дека констатацијата дека влеговме во сериозна политичка криза по локалните избори, од која уште не сме излезени, од друга страна, oпстојувањето на економската криза која егзистира од 2008 година која остави сериозни последици, надоврзувајќи се на тоа и енергетската криза која дојде, сето тоа зборува за крајна внимателност на овој процес. Треба да се стремиме кон намалување на трошоците, зголемување на приходите и мислам дека како држава треба да бидеме стварно внимателни. Ние тоа како Комора го правиме, тоа и компаниите сами го прават. Важно е да го подобриме информирањето меѓу нас затоа што мислам дека опасностите, особено со енергетската криза во првата половина од годината, ќе бидат битно изразени.
Бранко Азески во изјава за магазинот ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС