Пред самитот на НАТО во Мадрид Шведска и Финска најавуваат дека има придвижување во разговорите со Турција
Пред самитот на НАТО во Мадрид Шведска и Финска најавуваат дека има придвижување во разговорите со Турција
Од 55-та седница на Владата: Донесена Уредбата за распределба на приходите од ДДВ за општините; Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола; Со Грција ќе се воспостави електронска размена на царински информации за брз проток на граничните премини
Од 55-та седница на Владата: Донесена Уредбата за распределба на приходите од ДДВ за општините; Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола; Со Грција ќе се воспостави електронска размена на царински информации за брз проток на граничните премини
„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси
„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси
На македонскиот државајнин кој во Тирана ja уби својата поранешна партнерка и сестра и му се заканува доживотен затвор
На македонскиот државајнин кој во Тирана ja уби својата поранешна партнерка и сестра и му се заканува доживотен затвор
(ВИДЕО) АДЕМИ: СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЈАТА РЕАКЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО, БЕВ ИСПРОВОЦИРАН, НО НЕМА ДА МИ СЕ ПОВТОРИ ПАК
(ВИДЕО) АДЕМИ: СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЈАТА РЕАКЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО, БЕВ ИСПРОВОЦИРАН, НО НЕМА ДА МИ СЕ ПОВТОРИ ПАК
Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за собранието
Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за собранието
БОМБА ОД ВАШИНГТОН: САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот
БОМБА ОД ВАШИНГТОН: САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот
Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините
Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините

ШЕФОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА: СОНОТ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН ПРОПАДНА СО ТЕНЗИИТЕ НА ЈАРИЊЕ!

Еве еден позитивен пример што требаше да направиме:

ВИШЕГРАДСКА ГРУПА – ПОЛСКА, ЧЕШКА, УНГАРИЈА И СЛОВАЧКА
Регионална економска групација основана во 1991 година
Поранешни комунистички земји со скромни економски перформанси
2021 година – кумулативниот БДП надминува 1 трилион евра
БДП од глава на жител – 24.000 евра
Зголемувањето е повеќе од 350 % во споредба со деведесеттите
Извоз над 100 милијарди американски долари
Самоиницијативно здружување
Регионална соработка заснована на добра волја
Значи има позитивни примери!

Балканот треба да престане да ја имитира ЕУ и да создаде сопствена приказна заснована на реалноста на Балканот и тоа да биде направено самоиницијативно.

Називот „Отворен Балкан“ е од пред неполни два месецa, но почетоците се протегаат од поодамна, само под друго име. Пред две години во Нови Сад се одржа првата средба во форматот кој го доби колоквијалниот назив „Мини шенген“, означувајќи го почетокот на зајакнатата соработка.

Србија, Северна Македонија и Албанија, со потпишувањето на документот „Декларација за спроведување на четирите ‘слободи’ (слободен проток на стоки, услуги, луѓе и на капитал)“, едногласно се обврзаа да работат на отстранување на сите пречки што го оневозможуваат слободното движење во регионот.

Уште од самите почетоци, па и пред одржувањето на средбата во рамките на оваа иницијатива во Скопје во јули годинава, постоеја неколку дилеми – дали оваа иницијатива е само замена за недостигот од посветеност на ЕУ; дали е алатка за создавање нова Југославија или, пак, станува збор само за пренасочување на фокусот кон разочарувањето предизвикано од одложувањето на отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и со Северна Македонија. Можеби затоа и целиот тек на оваа иницијатива го следеше прашањето дали сето ова е само евтин политички трик што ќе изгледа добро само на хартија.

Неспорна е констатацијата дека самите дружења во тие два дена во Скопје како да внесоа нов оптимизам, кој требаше да добие свое продолжение на Форумот во Белград закажан за почетокот на ноември. Попатна станица требаше да биде собирот во Нови Сад организиран од Фондацијата „Конрад Аденауер“. И наеднаш „тонч“, конфликт на административниот премин Јариње помеѓу Србија и Косово.

Во 2019 година по повод 97 години коморско постоење Стопанската комора на Македонија им додели Специјално признание за унапредување на регионалната економска соработка и работењето на Коморскиот инвестициски форум (Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и претседател на КИФ, Андреј Јовановиќ, генерален директор на холдинг компанијата „Мои брендови“, Сафет Ѓергалиу, поранешен претседател на Комората на Косово и поранешен генерален секретар на КИФ)

Значи, напорите што ги направи бизнисот во 2015 година, кога претседателот на Комората на Србија се одважи и отиде во посетата на Комората на Косово, па заедно отидоа во Брисел за да бидат мост меѓу бизнисмените, по што се изроди идејата за Коморскиот инвестициски форум, па за Мини шенген и за Отворен Балкан, за еден ден паднаа во вода.

Џабе беа сите понижувања и плукања дека тој тандем се новите Боро и Рамиз; сите закани по нив и сите активности кои следуваа потоа, зашто сега е совршено јасно дека не може да се развива идејата за Отворен Балкан со трупање оружје, затегнати ситуации и со закани.

П.С. Денес во Комората, со прес конференцијата на г-динот Глигор Бишев, претседателот на Советот за унапредување на високото образование и потпретседателката на Комората д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и вчерашното конституирање на Советот за унапредување на индустриското производство и извозот, завршува еден процес на суштинска трансформација на Комората наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100-годишнината од нејзиното постоење, кој започна во 2019-тата година. Низ тој долг и сложен процес се донесоа најзначајните акти: Стратегијата за развој, промените на Статутот, изборите во 2020-та и приоритетите за наредниот мандатен период. Со конституирањето на Советот за унапредување на индустриското производство и извоз; Советот за унапредување на високото образование; Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките и Советот за напредни технологии се анимираа неколку стотини нови бизнисмени и научни работници кои што треба да го спроведат до крај новиот концепт. Сите тие личности со интегритет, без никакви забелешки, ја прифатија нашата понуда да ни се придружат и на тој начин да ни помогнат и себеси, и на Комората, и на државата во градењето на иднината. Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, навистина потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, роботизација, индустриски дизајн, телекомуникации, како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование, и подигање на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа.

Советите ќе ги предводат Никола Љушев, главен извршен директор на „Македонски Телеком“, проф. д-р. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на „Шпаркасе Банка Македонија“ АД, Скопје, м-р Виктор Влашки, претседател на одбор на директори во „Осигурителна Полиса“ АД, Скопје и м-р Виктор Мизо генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид и потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. На сите нив им посакувам успех во работата, реализирање на зацртаните заложби и афирмација на новите вредности кои имаат една цел – да се креираат нови услуги за потребите на компаниите и целосно свртување кон нив.

Посебна благодарност сакам да му изразам и на Зоран Јовановски, потпретседател на Комората, кој во целиот овој процес ми помагаше целосно, професионално и човечки.

(авторот е претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум)

loading...

go88 play fun go88 quên mật khẩu go88 phiên bản 1.0

sunwin play cách nạp tiền sunwin Sunwin - Top 1 game bài đổi thưởng uy tín - Link vào SUN WIN