(ФОТО + ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ФОТО + ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
НАЈМНОГУ ОНЛАЈН КУПУВАЊА ОД СТРАНСТВО КОН ДОМАШНИТЕ Е-ТРГОВЦИ ИЗВРШЕНИ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ОД САД И ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО, ВКУПНО ОНЛАЈН КОН СТРАНСТВО СМЕ ПРОДАЛЕ ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ВО ВРЕДНОСТ НА 16 МИЛИОНИ ЕВРА

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП, ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА ВО ГОСТИВАР
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП, ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА ВО ГОСТИВАР
(ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ВИДЕО) Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство
(ВИДЕО) Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство
ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВЛАДИНИ СЛУЖБЕНИЦИ ГЛУМЕЛЕ НОВИНАРИ ВО БУГАРИЈА, ТИЕ БЕА ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА, ПОМАГАА ВО СЛУЖБЕНАТА ПОСЕТА
ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВЛАДИНИ СЛУЖБЕНИЦИ ГЛУМЕЛЕ НОВИНАРИ ВО БУГАРИЈА, ТИЕ БЕА ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА, ПОМАГАА ВО СЛУЖБЕНАТА ПОСЕТА
МВР ФАТИ ПЕДОФИЛ ВО СТРУМИЦА: Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете
МВР ФАТИ ПЕДОФИЛ ВО СТРУМИЦА: Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

ШЕФОТ НА ВИТАМИНКА ПРИЛЕП, НАУМОВСКИ: Посакувам на нашата земја конечно да и биде дозволен почеток на преговорите за влез во ЕУ, затоа што тоа ќе влијае на сите нас и ќе значи перспектива и за бизнисите и воопшто за земјата

И покрај забрзаната вакцинација и предвидувањата дека со тој процес економиите ќе доживеат побрзо заздравување, се чини очекувањата не се исполнуваат со предвиденото темпо. Во Македонија, за следната година се очекува умерен раст кој ќе е условен најмногу од здравствениот предизвик, но и фискалните стимулации на кои се надева реалниот сектор, вели Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка прашан за очекувањата од следната 2022 година.

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година.

Во каква кондиција е домашната економија и кои се вашите очекувања за 2022 година?

На почетокот на годината со постепеното суспендирање на безбедносните мерки, економија започна да се опоравува, а истото беше забележливо и на глобален план. Планот за масовна имунизација, даде полет за надеж и секако забрзувањето на имунизацијата влијаеше врз нормализација на синџирите на добавување и раст на искористеноста на деловните капацитети, посебно на надворешните пазари, но се почувствува и кај нас. Фискалниот стимул од минатогодишните пакети со помош за компаниите даде одредени резултати и веројатно тоа ги потхранува надежите и за оваа година. Стопанството, посебно контакт интензивните индустрии токму во овој момент имаат потреба од поддршка и заради одржување на ликвидноста и солвентноста. Но сепак, потребен е фискален стимул во насока на одржливост, не само инстант помош, потребно е да се создадат услови за работа на корпоративниот сектор, да имаат одржлив па и развоен карактер. Влегуваме во една тешка и неизвесна година, откако ја надминавме здравствена криза, сега ќе се соочиме до економска криза. Цените на светските берзи се менуваат секојдневно и врз тоа како мала економија не можеме да имаме никакво влијание. Единствено може да се интервенира со фискалните стимулации кои ќе бидат поконструктивни од кога било досега и кои ќе понудат и поттикнат решенија за одржливост и помош за компаниите да застанат на стабилни нозе.

Како ја завршувате вие оваа пандемична година, какви се показателите од работата и со каква стратегија влегувате за следната година?

По претходната тешка година, веќе во втората половина на оваа година започнавме да се враќаме кон работа со посакувана динамика иако во, сè уште, изменети услови. Како домашната така и извозната продажба покажа растење, и се вративме на вообичаените саемски активности од каде генерираме проширување на пазарите. Веќе во третиот квартал добивката по оданочување покажа раст за 9 отсто во споредба со 2020 година што е добар индикатор за она што треба да следи. Нашата стратегија е развојна и се базира на дејствување предвремено со цел го одржиме континуитетот на производството и задоволување на потребите на пазарот, дури и во време на криза. Така што и овој пат име обезбедено суровина за следните неколку месеци и се надеваме дека берзанските цени нема да пораснат многу.

Кои три работи очекувате сигурно да се случат во 2022 година, а кои три ги посакувате за себе и компанијата со која раководите?

Извесно е дека пред нас имаме уште една неизвесна година и тоа од повеќе причини, не е само здравствената криза, туку и нестабилноста на пазарот како последица од тоа, цената на енергенсите, како и растот на цените на берзанските производи. Здравствената криза полека ја надминуваме, а сега следи економската, нешто на што бевме предупредувани дека ќе дојде. Посакувам на нашата земја конечно да и биде дозволен почеток на преговорите за влез во ЕУ, затоа што тоа ќе влијае на сите нас и ќе значи перспектива и за бизнисите и воопшто за земјата. Личните желби како за моето семејство, така и за вработените и сите граѓани на Македонија, се сведуваат на најпотребното, да се сме здрави и живи, да имаме сили да ги надминеме сите идни препреки и да имаме многу повеќе причини за радост.

ИЗВОР ФАКТОР.МК

loading...

anime freaks tv. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak SK8 the Infinity Episode 8

anime stream Redo of Healer

Dragon Ball (Dub)

AnimeFreak Attack on Titan

My Hero Academia (Dub) Episode 9