Стаматоски беше претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОВ , претседател на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, почесен претседател на фудбалскиот клуб „Вардар“.
Секој разговор кој го имав со него беше привилегија. Секоја средба беше доказ дека годините се само бројка. Говореше јасно, директно, прецизно и зборуваше за суштинските нешта. Се воодушевувавме на неговата сила да продолжи да работи и на свежината на неговите пораки. Се надевам дека ќе ги запаметиме. Само така ќе ја намалиме нашата колективна загуба.
Вечна му слава!