ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа
(ВИДЕО) Милевски: Еднакви услови за сите деца, после 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани
(ВИДЕО) Милевски: Еднакви услови за сите деца, после 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани
(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија
(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ - СЕМЕЈНИТЕ ВИНАРИИ КЕ ДОБИЈАТ ИЗЛОЖБЕН САЛОН
(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ - СЕМЕЈНИТЕ ВИНАРИИ КЕ ДОБИЈАТ ИЗЛОЖБЕН САЛОН
Денес во посета на Општина Кавадарци беше делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер
Денес во посета на Општина Кавадарци беше делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер
ЕДИ РАМА ИНСПИРАТИВЕН ВО СВОЈОТ ГОВОР: ГОСПОД МУ ДАЛ НА БАЛКАНОТ ДОВОЛНО РЕСУРСИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ ДОСТОИНСТВЕНО НО НИЕ ЛУЃЕТО МУ ПРКОСИМЕ НА ГОСПОД И СИ ШТЕТИМЕ САМИТЕ НА СЕБЕ
ЕДИ РАМА ИНСПИРАТИВЕН ВО СВОЈОТ ГОВОР: ГОСПОД МУ ДАЛ НА БАЛКАНОТ ДОВОЛНО РЕСУРСИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ ДОСТОИНСТВЕНО НО НИЕ ЛУЃЕТО МУ ПРКОСИМЕ НА ГОСПОД И СИ ШТЕТИМЕ САМИТЕ НА СЕБЕ

Шекеринска емотивно за 27 април: Утре ќе биде нечија друга глава, насилството мора да се осуди а не да се слави!

Може да се разликуваме за политика од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни ставови во Парламентот и јас тие различни ставови секој ден ги почитувам, ама има црвени линии што не смееме да ги поминеме и заради нас и заради нашите деца. Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам ѝ сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта.

Ова е пораката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска упатена во одговорот на новинарско прашање дали смета дека правдата е задоволена и за колегите новинари кои на 27 април 2017 година известуваа од Собранието.

Посочувајќи дека соочувањето со 27-ми април треба да се прави на две нивоа, Шекеринска потенцира дека едното ниво е законот и судските одлуки и очекува сите оние кои беа одговорни за насилството да одговараат, не само тие кои оперативно го координираа, туку тие кои го дигнале телефонот и дале наредби.

– Се разбира дека тоа значи и компензација и нотирање на жртвите, на сите тие кои беа повредени. Како некој кој си замина од Собранието и од Клиничкиот центар со неколку копчи на главата тешко ми е да говорам за тој ден, не само поради крвта, и не само поради жртвите и опасноста, туку затоа што сѐ уште не можам да поверувам дека тоа се случило во мојата земја. Се сеќавам и на средбите таа вечер со вашите колеги во салата каде се случи главниот напад. Се гледавме меѓу нас и мислевме дека е лош сон и не е возможно луѓе да имаат толку злосторнички ум. Би сакала да верувам дека овие судски постапки ќе имаат своја завршница и оти ќе покажат со прст и со одговорност кон оние главните, а не само кон извршителите и организаторите – изјави Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

За второто ниво, истакна министерката Шекеринска, имаме поголема одговорност ние да зборуваме. Такви ситуации, наведе таа, можат да се случат и во други демократски држави, но за да не се повторуваат мора во еден глас да ги осудиме, а она што вчера го видов на улиците на Скопје, не беше осуда, тоа беше поддршка.

– Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017 година тоа беа главно наши глави, десеттина, 20, 30 луѓе. Ама ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат апалузи на такво насилство, утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата. Судирот и осудата на насилството мора да биде дел од нашата политичка култура, кој и да бил нападнат, повреден и да бил на чекор до смрт – порача Шекеринска.

Според неа, многу луѓе во одредени политички партии се засрамиле после 27 април, ѝ пришле и ѝ говореле дека не мислеле оти до тоа ќе дојде и таа им верувала.

– Кога вчера ги видов еден дел повторно построени со аплауз на насилството, не сум сигурна дека сме ја научиле лекцијата – истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

loading...

ANIMEFLIX god of highschool animeflix: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 23

WCOStream wcostream dragon ball super: One Piece (Dub) Episode 693