Генералите и полковниците кои денеска заминаа во пензија се генерацијата која го започна процесот на членството во НАТО, секојдневно вложуваше во подобра Армија и поефикасен систем на одбрана.
Ја завршуваат својата кариера со постигнати цели – и членство во НАТО и подобар систем за одбрана. Оваа генерација заминува со подобри услови за пензионирање и значително повисоки пензии, токму како резултат на реформите кои ги спроведовме.
Почитувани генерали и полковници, Ви честитам.