Ѓоргески: Народот е оној клучен фактор кој никогаш не отстапи од својата црква колку и да беше оспорувана
Ѓоргески: Народот е оној клучен фактор кој никогаш не отстапи од својата црква колку и да беше оспорувана
Детали од животот на момчето кое направи хаос во Тексас: Бил исмејуван поради говорна мана
Детали од животот на момчето кое направи хаос во Тексас: Бил исмејуван поради говорна мана
Бројката на загинати во масакрот во Тексас се искачи на 21
Бројката на загинати во масакрот во Тексас се искачи на 21
Кацарска на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови
Кацарска на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови
(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ: ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ТРЕБА ДА ГО ПРОМЕНИ ОДНОСОТ КОН ЈАВНОСТА
(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ: ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ТРЕБА ДА ГО ПРОМЕНИ ОДНОСОТ КОН ЈАВНОСТА
Средба Ковачевски со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ: Регионот ги унапредува односите и е од геополитичко значење за ЕУ, којашто е на потег
Средба Ковачевски со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ: Регионот ги унапредува односите и е од геополитичко значење за ЕУ, којашто е на потег
Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА

Шекеринска од промоцијата на 70 нови подофицери: Треба да бидеме горди што Армијата по цела деценија повторно има подофицери

Министерката Радмила Шекеринска денеска присуствуваше на промоцијата на 70 нови подофицери која што се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Обраќајќи им се на присутните таа им честиташе на подофицерите и рече дека е тоа уште еден успешно завршен процес на трансформација и подобрување на структурата на Армијата.

„Кога дојдов за министерка за одбрана еден од проблемите кои ми беа посочени беше дека цела деценија немало курс за подофицери. Веднаш тргнавме во решавањето на проблемот, чекор по чекор, и резултатите станаа видливи за кратко време. И покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата во два наврати произведовме 55 и 65 или вкупно 120 подофицери. Предизвиците не застанаа, но не застанавме ниту ние. И оваа година продолживме со вас, за денеска да имаме вкупно 190 нови подофицери во армиските редови“, рече министерката.

Шекеринска истакна дека треба да бидеме горди на успесите бидејќи се тие резултат на една континуирана работа и посветеност и ја посочи воената интеграција како еден од резултатите кој уште повеќе ја зацврсти позицијата на Северна Македонија во НАТО и меѓу сојузниците, и за кој добивме пофалба од највисоко место.

„Овој вторник во посета на Северна Македонија дојде командантот на Командата за трансформација, едната од двете стратешки команди на НАТО, генералот Филип Лавињ. Низ разговорите тој спомена еден факт дека Северна Македонија го заврши процесот на целосна воена интеграција во НАТО во рекордно краток период, најбрз период досега во НАТО“, рече министерката и дополни дека потврда за тоа е што на земјите од соседството за овој процес им требаа 26, 43 и 55 месеци, додека пак Северна Македонија го заврши процесот за 19 месеци од полноправното членство.

Шекеринска рече и дека за четири години се смени сликата на Армијата и дека амбициите за опремување ќе продолжат. „Нашата блиска иднина убедена сум дека ќе покаже дека сме и поамбициозни. Вие и вашите колеги од идната година ќе започнете да ги добивате и новите оклопни транспортери, артилерците ќе добијат ново артилериско вооружување, припадниците на противвоздушната одбрана ново ПВО оружје, за нашите летачи од воздухопловниот винг од 2024 година ќе започнеме новата набавка на хеликоптери. И сето ова е возможно само заради тоа што во изминативе години, секоја година успевавме да обезбедиме, стабилно и засилено одбранбено финансирање. Одбранбениот буџет од 2017 до оваа година вклучително и 2022 година секоја година бележи покачување. И тоа е покачувањето кое што влезе и во вашите повисоки примања и во вашата подобра опрема и во личното вооружување и во заштитните елементи и во сето она што ја прави армијата да биде институција со која се гордееме“, истакна Шекеринска.

На денешното промовирање на новите 70 подофицери присуствуваа и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, државниот секретар Драган Николиќ и високи воени претставници од Армијата.

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

sites to watch anime GoGoAnime Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

Horimiya Episode 11

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

anime gogo Fairy Tail (Dub)