Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
БРАВО - Министерот за правда Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра

ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА

Шекеринска одржа предавање на Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим: Ги делиме евроатлантските вредности, се адаптираме на промените, ја штитиме колективната безбедност

Во рамките на работната посета на Италија, министерката Радмила Шекеринска го посети Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, каде пред слушателите на напредниот курс, говореше на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО”.

„Северна Македонија и сојузниците во Алијансата споделуваат исти, заеднички вредности и принципи – демократија, човекови права, владеење на правото. Нашиот заеднички пристап кон справувањето со сите сегашни и идни безбедносни предизвици е можеби најголемата предност од членството во најмоќната воено-политичка Алијанса во историјата”, рече министерката Шекеринска и додаде дека денеска Северна Македонија од корисник прерасна во придонесувач кон глобалниот мир и безбедност, со свој глас во обликувањето на безбедносната агенда на Алијансата.

На престижната образовна институција во Рим за студии и истражувања на трансатлантските безбедносни прашања, министерката Шекеринска предупреди на важноста на одржувањето на европската и евроатлантска перспектива и интеграција на Балканот, како најдобра гаранција за стабилноста на овој дел од Европа. По една деценија на стагнација, Северна Македонија докажа дека за секој конфликт има решение, а НАТО го докажа кредибилитетот на својата политика на отворени врати и доби уште еден сојузник. На потег е ЕУ – рече Шекеринска.

– Максимата на НАТО е – прилагоди се на промените. Нашиот нов статус на земја членка на НАТО во регионот сега е – извозник на стабилност. Посветеноста на Северна Македонија на вредностите на НАТО дава силен импулс на безбедноста и стабилноста на регионот. Тоа се и вредностите на ЕУ. Одговорноста на ЕУ да ги донесе вистинските одлуки и да ја одблокира европеизацијата на регионот – изјави Шекеринска.

Во своето обраќање, министерката се осврна и на развојот на капацитетите за тренинг и обука, особено на полигонот „Криволак” кој самостојно, но и заедно со сојузниците го развиваме како еден од клучните капацитети на Алијансата за развој на интероперабилноста. Во контекст на развој на капацитети за обука, министерката го посочи и Регионалниот центар за односи со јавноста, етаблиран НАТО центар кој ќе ги прошири и засили своите капацитети во доменот на справувањето со дезинформациите и во пракса, но и преку зголемување на можностите за едукација и обука на домашен и НАТО персонал кој е посветен на борбата со лажните вести.

Со обраќањето на министерката Шекеринска на НАТО колеџот во Рим, заврши и работната посета на Италија.

loading...

AnimeTV animetv kimetsu no yaiba: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 3 (https://animetv.cc/m/9ko4/ep-3)

4Anime 4anime heroes rising: Dragon Ball Super (Dub) Episode 131