Крајот на годината е резервиран за реферирање за борбената готовност на Армијата. Четири и пол години посветеност на реформи, опремување, кадровско екипирање и развивање на одбранбена соработка со стратешките партнери а во последата година и девет месеци и со НАТО сојузниците, ја зајакнаа довербата во нашата Армија но и во стручниот кадар во Министерството за одбрана. Северна Македонија со право може да се гордее со достигнувањата во одбраната, и со својата Армија која е сега и НАТО Армија. Благодарност до сите што учествуваа во овој историски процес.
