Ве повикувам заедно да создаваме град во кој секој од нас ќе се чувствува достоинствено, гордо и задоволно. Да создаваме град во кој секој од нас ќе може да каже ова е моето Скопје! Ова е градот во кој растам, ова е градот во кој живеам, ова е градот во кој сакам да остарам! Да не дозволиме гневот да го надвладее разумот. Гневот го искажавте во првиот круг и со право, но сега е време да се договориме за доброто на Скопје.
Ова се избори за нашето Скопје да продолжи напред. Затоа ве поканувам да разговарате со вашите пријатели, соседи, со сите оние кои, како нас, го имаат Скопје во срцето, да не останат дома на 31 октомври. Јас силно верувам дека за четири години направивме навистина добри работи и тоа го препознавате. Да гласаме за Скопје да не застане!