Од 113-тата седница на Владата: Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел

НЕОДГОВОРЕН НАРОД НА КОЈ НЕ МУ Е ВАЖНО КОЈ МУ ГИ ВОДИ ОПШТИНИТЕ И ДРЖАВАТА: ОСВЕН ШТО 250 000 ОСТАНАЛЕ ДОМА, ДУРИ 60 000 ГИ ПРЕЧКРТАЛЕ ЛИВЧИЊАТА?!?!
НЕОДГОВОРЕН НАРОД НА КОЈ НЕ МУ Е ВАЖНО КОЈ МУ ГИ ВОДИ ОПШТИНИТЕ И ДРЖАВАТА: ОСВЕН ШТО 250 000 ОСТАНАЛЕ ДОМА, ДУРИ 60 000 ГИ ПРЕЧКРТАЛЕ ЛИВЧИЊАТА?!?!
Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси
Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси
Илиевски за Телма и ТВ 24: Димитриевски и на Општината ќе ги затемни стаклата, нема да дозволиме!
Илиевски за Телма и ТВ 24: Димитриевски и на Општината ќе ги затемни стаклата, нема да дозволиме!
ЛАДИЧ: Работите се јасни во Пробиштип, резултатската предност од скоро 500 гласови е силна и практично недостижна за Миленковски
ЛАДИЧ: Работите се јасни во Пробиштип, резултатската предност од скоро 500 гласови е силна и практично недостижна за Миленковски
НЕБОЈША АРСИЌ: ТРЕБАШЕ ЛИ СДСМ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И КОЛКУ?
НЕБОЈША АРСИЌ: ТРЕБАШЕ ЛИ СДСМ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И КОЛКУ?
ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!

Шилегов го најави забавниот парк: самоодржлив проект за три возрасни групи. Ќе прима до 3 000 посетители дневно, ќе има 27 реквизити

Шилегов вели дека паркот ќе има содржини за три возрасни групи деца и станува збор за проект кој е самоодржлив. Проектот беше планиран за мандатот на градоначалникот што истекува, но советниците на Град Скопје го одложија со консензус поради пандемијата на ковид-19

Скопје го добива најдобриот забавен парк во регионот, најави актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов.

Паркот ќе биде на истото место кај стариот парк „Луна“ и според проектот што го претстави Шилегов ќе има содржини за три возрасни групи деца. Тој најавува дека по изборите ќе се распише тендер, а паркот ќе треба да биде готов за 18 месеци, односно до летото 2023 година.

„Скопје треба да стане регионален туристички центар. Стотици туристи секој викенд со автобуси доаѓаат од соседни држави за да ги посетат нашите детски атракции како Скопската Зоолошка или Дино паркот. Дино паркот е единствен во регионот, а зоолошката една од подобрите во него. Со забавниот парк Скопје станува дополнително попривлечен за семејниот туризам, со оглед на тоа што ваков забавен парк нема во радиус од 300 километри од Скопје. Забавниот парк ќе се наоѓа на истото место како стариот Луна Парк на парцела со иста големина и со ист број на дрвја, зашто проектот е таков да ниедно не треба да се пресече. Предвидени се 27 реквизити, односно содржини, за три различни возрасти на деца. Детски дел, семеен и екстремен. Адреналинските содржини од екстремниот дел за најголемите деца ќе можат да бидат користени и од повозрасните. Како на пример ролеркостерот кој ќе биде најголемиот на Балканот, а ќе можат да го користат и возрасните“,вели Шилегов.

Тој вели дека паркот ќе биде изграден по сите стандарди за квалитет и безбедност, а покрај реквизитите предвидени се и ресторани, сувенирници, тоалети и други продавници и содржини.

„Би сакал да нагласам дека идејното решение е од Франко Бараѕони кој има проектирано преку 50 светски забавни паркови во светот“,рече Шилегов.

Проектот, според тврдењата е самоодржлив. Дневно ќе може да прима до три илјади посетители, а годишно над еден милион.

„Проектот е целосно самоодржлив, за реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и нема да има буџетски импликации на Град Скопје. Се очекува паркот да се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти. Создаваме одржлива градска организација“,тврди градоначалникот.

Овој проект беше планиран и во мандатот на градоначалникот што му истекува, но беше одложен поради пандемијата на ковид-19.

„Во април 2020 година сите советници во Советот на Град Скопје, консензуално донесоа одлука да ја одложат изградбата на Луна парк и парите на даночните обврзници да бидат пренаменети за некои други кризни, пандемски проекти и трошоци. Тоа е еден од ретките примери кога советниците во градот успевале да донесат правилна и издржана одлука, необременета со популизам и печалење политички поени“,изјави Шилегов.

loading...

Iketeru Futari (https://animepahe.cc/m/5bll) Episode 16

AnimeFreak: Hakumei to Mikochi (Dub) anime episode 12 online free at https://animefreak.ws anime freaks

Watch Magical Kanan Episode 13

Website https://animeflix.nl: Watch Asobi ni Iku yo!: Asobi ni Oide - Ichika (Dub) animeflix Episode 2 black butler animeflix

WCOStream Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed