(ФОТО) Изгаснат пожар на Водно, Град Скопје апелира на внимателност
(ФОТО) Изгаснат пожар на Водно, Град Скопје апелира на внимателност
СДСМ ОБЈАВИ УШТЕ 5 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
СДСМ ОБЈАВИ УШТЕ 5 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Мицковски доживеал мала сообраќајна незгода пред Прилеп, не е повреден и се чувствува добро
Мицковски доживеал мала сообраќајна незгода пред Прилеп, не е повреден и се чувствува добро
ОБСЕ-ОДИХР: Еден отсто за независни листи е во согласност со добрите меѓународни практики
ОБСЕ-ОДИХР: Еден отсто за независни листи е во согласност со добрите меѓународни практики
Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство

ШИЛЕГОВ: КОНЕСКИ Е НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ НА ПОНОВАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА

По повод 100 годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески Градот Скопје е во постапка за подигнување спомен-обележје пред куќата на Конески на Водно, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на тркалезната маса „Разговори со Конески“ која се одржа во дворот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

– Како поет, раскажувач, препејувач, литературен историчар, лингвист и есеист Блаже Конески стана препознатлив национален симбол на нашата понова историја, околу кого се вкрстуваа високите вредности на македонскиот јазик и на целокупната наша литература и култура. Еден странски учен вели дека: Без да се запознае творештвото на Конески, не може да се има претстава за современиот научен, културен или општествен пејзаж на Македонија. Јас ја имав таа среќа да живеам во времето на Конески, да го среќавам по скопските улици, да го слушам на радио и телевизија, да го читам, но и да бидам градоначалник во 100-годишнината од неговото раѓање.

Се радувам што Град Скопје со низа активности се вклучи во одбележувањето на овој наш значаен јубилеј. Ќе се обидам да набројам само дел од нив: финансиравме издавање на книга „100 песни на Конески“; ја поддржавме неодамнешната трибина во Културно-информативниот центар во негова чест, како што го поддржуваме и овој денешен собир; во тек е постапката за подигнување спомен-обележје пред куќата на Конески на Водно и, за крај, посебно сум горд што еден од најцентарските булевари веќе го носи името Блаже Конески. Со тоа барем малку му се оддолжуваме за неговото големо дело – рече денеска Шилегов.

Со своето дело и со својот лик, додаде тој, Конески прерасна во култна личност на македонскиот дваесетти век.

– Со право се гордееме што го имавме – нагласи Шилегов.

На трибината присуствуваа и директорката на Институтот „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, професорите Вера Антиќ, Људмил Спасов и Благица Петковска, како и матурантите од средното училиште „Никола Карев“.

loading...

4Anime anime stream: Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 9

AnimeHeaven anime: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 9