Утре во Скопје пристигнуваат 20 000 вакцини Астра Зенека од Грција
Утре во Скопје пристигнуваат 20 000 вакцини Астра Зенека од Грција
Атанас Костовски за „Фокус“: Против Украина ќе се покаже дали заслужено сме на ЕП!
Атанас Костовски за „Фокус“: Против Украина ќе се покаже дали заслужено сме на ЕП!
(ВИДЕО) ТИ ГО МИСЛИШ АКТЕР, УМЕТНИК, ЧОВЕК СО ОТВОРЕН УМ, ОН КОГА ЌЕ ЗИНЕ ДА ЗБОРИ КАКО ДА СЕ СИМНАЛ ОД ПЛАНИНА КАДЕ ГЛОДАЛ ЖИВИ ОВЧИ БУТОВИ
(ВИДЕО) ТИ ГО МИСЛИШ АКТЕР, УМЕТНИК, ЧОВЕК СО ОТВОРЕН УМ, ОН КОГА ЌЕ ЗИНЕ ДА ЗБОРИ КАКО ДА СЕ СИМНАЛ ОД ПЛАНИНА КАДЕ ГЛОДАЛ ЖИВИ ОВЧИ БУТОВИ
(ФОТО) Прво со Радев, па со Заев: Макрон во акција да го тргне бугарското вето?
(ФОТО) Прво со Радев, па со Заев: Макрон во акција да го тргне бугарското вето?
КОМЕНТАТОРОТ НА МТВ СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА ИМАЛ ТРЕМА И МОРАЛ ДА СЕ КОНТРОЛИРА ИНАКУ ПОВЕЌЕ ЌЕ ЛУПЕТАЛ ЗА БОЖЈИ ЧЕДА И ИСПРАВАЊЕ СВЕТСКИ КРИВИ ДРИВИ!
КОМЕНТАТОРОТ НА МТВ СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА ИМАЛ ТРЕМА И МОРАЛ ДА СЕ КОНТРОЛИРА ИНАКУ ПОВЕЌЕ ЌЕ ЛУПЕТАЛ ЗА БОЖЈИ ЧЕДА И ИСПРАВАЊЕ СВЕТСКИ КРИВИ ДРИВИ!
Ангелов на конференцијата по повод НАТО вежбата во Струга и Охрид: Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците и заканите на новото време
Ангелов на конференцијата по повод НАТО вежбата во Струга и Охрид: Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците и заканите на новото време
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Не можеме да живееме со вмро и да имаме нормални, не само коментатори, туку и водители, информери и воопшто-новинари
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Не можеме да живееме со вмро и да имаме нормални, не само коментатори, туку и водители, информери и воопшто-новинари
ГРАД СКОПЈЕ: Ги демантираме дезинформациите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека „Град Скопје и Општина Центар имале решение за сечење на 3 дрва, а исекоа 10“, ги известуваме сите медиуми и граѓани дека за сите исечени дрвја во град Скопје постои уредна документација

ШИЛЕГОВ НА ОГЛАС ЌЕ БАРА ОБЈЕКТ ЗА ГРАДСКА КУЌА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ

Во одлуката за купување Градска куќа стои дека објектот ќе се набави по пат на прибирање понуди со објава на јавен оглас за купување на недвижна ствар. Кога ќе се објави огласот, во одлуката не се наведува. (Фото: К. Попов)

Град Скопје ќе распише оглас за купување Градска куќа. Според одлуката која денеска беше предложена на усвојување од Советот на Град Скопје, вкупната вредност на недвижниот објект треба да биде до 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Објектот треба да биде во централното градско подрачје односно во Мал Ринг. Административниот простор за вработените да биде со површина од 4.000 до 9. 000 метри квадратни. Да има обезбеден пристап за луѓе и возила, паркинг простор со површина од приближно од 20 до 70 паркинг места, обезбедена инфраструктура, технички и санитарни услови, лифт, имотен лист или лист за предбележување.

Во одлуката стои дека објектот ќе се набави по пат на прибирање понуди со објава на јавен оглас за купување на недвижна ствар. Кога ќе се објави огласот, во одлуката не се наведува.

„Со децении Советот на Град Скопје, Градоначалникот и градската администрација се сместени во објект кој ни одблиску не ги задоволува основните потреби ниту на граѓаните ниту на градските органи и градската администрација. Со донесувањето на предложената одлука и спроведувањето на постапката ќе се набави објект со кој на траен начин ќе се реши прашањето на сместувањето на Советот на Град Скопје, Градоначалникот и градската администрација, а воедно ќе се обезбедат и подобри услови за понатамошното негово функционирање“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

Финансиските средства се обезбедени во буџетот на Град Скопје и се предлага да се исплаќаат до најмногу 24 еднакви рати.

Градоначалникот Петре Шилегов лани во ноември, за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Кале на австриската компанија ЕВН. Одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради неговиот претходник Коце Трајановски беше дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот.

loading...

GoGoAnime gogoanime my hero: Naruto (Dub) Episode 220

AnimeTV anime tv shows: One Piece (https://animetv.cc/m/QDP) Episode 969