ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ Е ПРВИОТ ГРАД ВО РЕГИОНОТ ШТО ВОВЕДУВА BUS RAPID TRANSIT

Градоначалникот Шилегов се обрати на тркалезната маса на градоначалниците на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР, што се одржа онлајн, и ги изнесе плановите и тековните активности на Градот за подобрување на квалитетот на животот на скопјани.

– Скопје е првиот град во Северна Македонија што се приклучи на Зелените градови на ЕБОР и го започна развојот на акциониот план.Во март 2019 година, Градот Скопје и ЕБОР го започнаа Акциониот план за зелен град (GCAP) следејќи ја методологијата на ЕБОР, како дел од вклучувањето на градот во програмата на Зелените градови на ЕБОР. GCAP ќе му помогне на Скопје да ги идентификува, да им даде приоритет и да ги реши своите најгорливи еколошки предизвици со одржливи инвестиции во инфраструктурата и соодветни политички мерки. Верувам дека мерките предложени од GCAP ќе го подобрат животот на нашите жители. Горди сме што Скопје е првиот град на Западен Балкан што го воведува систем BRT – Bus Rapid Transit. За граѓаните на Скопје ова е остварување на сонот по 40 години. Сега добиваме подобар систем за транспорт во согласност со нашите потреби. Добиваме брз, безбеден и одржлив јавен превоз, што ќе биде атрактивен и ќе го олесни намалувањето на сообраќајниот метеж и загадувањето на воздухот – рече Шилегов.

Подобрувањата во јавниот превоз ќе помогнат да се зголеми употребата на јавниот превозот и да се намали користењето приватни автомобили. Градот ќе обезбеди модерна инфраструктура и услуги преку кои овој концепт на брз транспорт на автобуси ќе го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани.

– Градот Скопје иницираше имплементација на системот за паметно осветлување и платформата Дигитален град, заснована врз најнапредните технологии (Интернет на нештата – IoT) што ќе овозможи поврзување на различни уреди и компоненти со платформата преку Интернет со цел да се соберат податоци и да ги разбере настаните во реално време, да ги анализира и да ги преземе потребните активности- кажа Шилегов.

Дигиталната градска платформа треба да ги вклучува следниве функционални модули:
• Паметен систем за осветлување;
• Паметен систем за паркирање;
• Следење на системот за квалитет на воздухот;
• Јавно мислење и систем на задоволство на граѓаните;
• Паметно мерење на системот за потрошувачка на вода;
• Градски портал за Интернет на нештата – IoT.

Со цел да се промовира енергетската ефикасност на Град Скопје и да се намалат трошоците во сегментот на градско осветлување, Градот е во фаза на имплементација на ЛЕД и паметно осветлување.
Според првичните анализи, имплементацијата на ЛЕД системот за јавно осветлување како извор за енергетски ефикасно осветлување и дополнително користење на опцијата за регулирање (придушување) на нивниот интензитет на осветлување, овој систем ќе ги намали трошоците за јавно осветлување за 70% во споредба со тековниот систем.

– Ова е нашето кратко резиме на тековните активности во градот, но морам да кажам дека Градот Скопје ја продолжува својата работа за подобрување на многу други паметни решенија што ќе го стават Скопје на мапата на зелените градови како модел за другите градови во земјата и регионот –истакна Шилегов во денешното обраќање на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР.

Со почит,
Град Скопје

loading...

https://go88.gg/

mẹo chơi tài xỉu sunwin go88 sunwin nổ hũ sunwin