Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!
ВО КАВАДАРЦИ ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ
ВО КАВАДАРЦИ ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ
Ексклузивно на МИА: ЕК смета дека власта треба да продолжи со реформите и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо на спорадични нови иницијативи
Ексклузивно на МИА: ЕК смета дека власта треба да продолжи со реформите и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо на спорадични нови иницијативи
Привремениот престој во Северна Македонија заврши за уште 27 граѓани на Авганистан, траен престој им обезбеди Ирска
Привремениот престој во Северна Македонија заврши за уште 27 граѓани на Авганистан, траен престој им обезбеди Ирска
Гемак Трејд одбележува 30 години од своето основање - Три децении синоним за одржливост, успех и иновативност
Гемак Трејд одбележува 30 години од своето основање - Три децении синоним за одржливост, успех и иновативност
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: НЕ ДОБИ СДСМ ШАМАР, МАКЕДОНЕЦОТ САМ СЕБЕ СИ УДРИ ШАМАР!
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: НЕ ДОБИ СДСМ ШАМАР, МАКЕДОНЕЦОТ САМ СЕБЕ СИ УДРИ ШАМАР!

ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ ВЕЌЕ НЕ Е ЗА ЕДНИ МАЈКА, А ЗА ДРУГИ МАЌЕА, ВО БУТЕЛ И ВО СКОПЈЕ ПОБЕДУВАМЕ ВО ПРВИОТ КРУГ

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на митингот во скопската општина Бутел своето обраќање го започна со најава дека во Бутел и во Скопје СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ победуваат уште во првиот круг од изборите: „Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа што 30 години ВМРО-ДПМНЕ ја забораваше оваа исклучително важна општина за развојот на нашето Скопје. Скопје веќе не е за едни мајка, а за други маќеа, како што беше кога урбаната мафија од ВМРО-ДПМНЕ го бетонираше Скопје со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, кој ги продлабочи поделбите, конфликтите и разликите помеѓу центарот и периферијата на Скопје“, потенцираше Шилегов.

Шилегов ги истакна најголемите инфраструктурни зафати завршени во Бутел: „Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а започнуваме и со реконструкција на улицата Бутелска“, додаде Шилегов.

Шилегов ги најави и идните инфраструктурни зафати во Бутел: „Во наредниот мандат го пробиваме булеварот Хрватска и ќе го продолжиме бул. Словенија до Ѓорче Петров и со тоа северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина. Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски – Карпош до Естекада. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки“ најави Шилегов.

Шилегов укажа дека „Во овој дел од градот целосно се реконструирани средните училишта Арсениј Јовков и Зеф Љуш Марку, а обезбедени се и прочистувачи за воздух за секоја училница“. Во делот на зеленилото, Шилегов нагласи дека само во Бутел подигнати се над 73.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1.800 садници.

На крај, Шилегов ги повука бутелчани да излезат на гласање на 17 октомври: „Драги мои бутелчани, останаа уште 4 дена до денот кога заедно ќе ја прославиме големата победа. Разговарајте со вашите пријатели, посочете ги очигледните разлики меѓу нас и нив, секој глас е важен. Затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје“, нагласи Шилегов во своето обраќање пред жителите на Бутел.

loading...

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Watch Marvel Future Avengers (Dub) Episode 26

Mahoromatic - Automatic Maiden (Dub) Episode 12

The Magnificent Zorro (Dub) Episode 52

Watch anime online for free at AnimeBee watch anime online