ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт

Шилегов: Смрдеата и загаденоста во Лисиче и Ново Лисиче е од Вардариште, за санација се потребни 26 милиони евра

Градоначалникот на Град Скопје денеска истакна дека Вардариште генерира и смрдеа и загаденост во скопските населби Лисиче и Ново Лисиче, посочувајќи дека за санација на депонијата се потребни 26 милиони евра.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу сериозноста на проблемот со реата и загаденоста во Лисиче и Ново Лисиче, со кој се соочуваат жителите, рече дека бројот на денови со загаден воздух се намалува и оти се работи на финансиско решение за депонијата Вардариште.

– Имајќи во предвид дека сме на крај на организирање на нов градски превоз, имајќи во предвид дека сме на крај на постапката на лиценцирање на градски енергетски системи, имајќи во предвид дека сериозно го засиливме, во рамките на нашата надлежност, инспекцискиот надзор особено на малите на правни субјекти, сум оптимист дека полека, полека нашиот град почнува да го надминува проблемот, но далеку сме од посакуваниот резултат – истакна Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје потенцираше дека Лисиче за жал е најниската точка во скопската котлина што значи дека ефектите од аерозагадувањето што се случуваат на ниво на цела скопска котлина најлошо се манифестираат во Лисиче.

– Значи, не мора Лисиче да е изворот на загадувањето за да биде таму манифестацијата. Заради тоа се тука поизразени лошите цифри кога имаме денови со неквалитетен воздух. Она што мислам дека треба да го знаете е дека мерењето на загаденоста на воздухот се изразува во бројот на загадени денови во тек на календарска година. Ние за наша среќа имаме тренд дека бројот на загадени денови во текот на една година почнува да се намалува плус пиковите се со посериозно помали вредности. Како ќе се намалува бројот на деновите така едноставно го надминуваме тој проблем. Јас очекувам дека таквите трендови ќе ги задржиме и сезонава, особено ако ги имате предвид резутатите од минатата година компарирани со 2017 година – образложи Шилегов.

Тој посочи дека сериозен е проблемот што го имаме, а којшто полека го надминуваат со дивата депонија Вардариште.

– Тој проблем е за жал 30-40 години и никогаш не бил решен системски, никогаш не се работел тој проблем и таму има сериозен распад на отпад којашто како смрдеа излегува во атмосферата. Ние ја направивме целата студија, 26 милиони евра би чинела санацијата на Вардариште. Јас разговарав и со министерот за животна средина, и во пристапните преговори во кои што ќе влеземе една од најважните компоненти е здравата животна средина, ќе имаме достапност и до европските фондови за проектот кој што градот го изготви, кој што не е импровизација туку е сериозно и дефинитивно решавање на проблемот – рече Шилегов.

Во однос на поизразената миризба во текот на летниот период, Шилегов посочи дека веројатно тоа се должи на тоа што во потегот кај Вардариште се копаше колекторскиот систем, таму, како што образложи, се влезе 12 метри под земја, дефакто мораа дел од ѓубрето што е долу да го извадат за да се постави колекторискиот систем па да се затрупа.

– Зошто некој одлучил пред педесетина години дека таму ќе се фрла комуналниот отпад на нашиот град навистина не знам. Јас она што го работам е готово како документ, таму да направиме трајно решение, ем ќе ја заштити подземната вода. Сериозна е и мојата загриженост и мојата посветеност на решавање на проблемите. Таков документ немаше пред јас да дојдам, сега треба да работиме на решавање на финансиската конструкција со цел да извршиме целосна санација на потегот Вардариште којшто исто така генерира и загаденост и смрдеа во овој дел од градот – заклучи градоначалникот на Град Скопје.

loading...

AnimeTV anime websites: Watch The Seven Deadly Sins Episode 2

ANIMEFLIX anime websites: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://animeflix.nl/m/b7W) Episode 25