✔️ пробиваме булевар Македонија (Јужен Булевар) како ултрамодерна подземна сообраќајница која завршува со модерен кружен тек кај Нова Македонија.
✔️ Ја градиме улицата Цветан Димов низ Чаир за да ја претвориме во булевар со сите аршини. Профилот на сообраќајницата ќе биде со три сообраќајни ленти во секоја насока, средишно разделно зеленило од 2 метри и велосипедска и пешачка патека во двата правци.
✔️ Одново ќе го изградиме мостот Обединети нации. Со воведувањето на БРТ системот, потребно е негово проширување со функционални 6 ленти, но и пошироки велосипедски и пешачки патеки. Затоа, во изведбата на БРТ во Скопје, предвидена е изградба на ваков нов челичен мост.
✔️ Го завршуваме мостот АСНОМ и го градиме мостот кај Љубљанска што ќе се поврзе со булеварот Словенија кој ќе води до Волково и Ново Село.
Скопје за 4 години ќе биде град со нови, современи и квалитетни инфраструктурни решенија градени по сите најдобри светски стандарди за квалитет. Одржливата урбана мобилност во градот е императив од кој не се отстапува и во следните четири години. Ова се реални, остварливи и добро испланирани сообраќајни решенија кои долгорочно го надминуваат проблемот на сообраќајниот метеж во градот. #НајдобротоЗаМојотГрад #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #НАЈДОБРОТО