Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство
Шекеринска: За Рамковниот договор имаше многу скепса, но создаде клима на заедништво
Шекеринска: За Рамковниот договор имаше многу скепса, но создаде клима на заедништво
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО НАГРАДИ СО 300.000 ДЕНАРИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ТЕКВОНДО ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО НАГРАДИ СО 300.000 ДЕНАРИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ТЕКВОНДО ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
Заев: Охрискиот договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, заедно се развиваме како држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ
Заев: Охрискиот договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, заедно се развиваме како држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ
ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ
ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ

ШОКАНТИ ИНФОРМАЦИИ ОД ШТЕДАЧИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА – ПРЕКУ ГАЛАФАРМ ОД БАНКАТА СЕ ИЗВЛЕЧЕНИ НАД 8 МИЛИОНИ ЕВРА!

ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ОТСЛИКАНО ПРЕКУ ГРУПАЦИЈАТА ГАЛАФАРМ

Како всушност се одвивал криминалот во Еуростандард банка ќе претставиме преку „Групацијата Галафарм“. Веќе посочивме дека долговите на четирите поврзани фирми во групацијата изнесуваат околу 2.550.000 евра. Меѓутоа, тоа е далеку од вистинската слика за реализираниот вистински грабеж преку оваа групација, поточно фирмите Галфарм и Галафарм 2 како носители на криминалот. Во овие фирми, преку трансакции во вид на позајмици од фирми должници во Еуростандард банка, завршиле дополнителни околу 5.670.000 евра. Со тоа, вкупната загуба односно покрадени и проневерени наши парични средства изнесува околу 8.220.000 евра.

Значи, освен што фирмите од Групацијата Галафарм, и тоа: Галафарм, Галафарм 2, Де-Јо Јован и Информ ЛЛ се директни должници према Еуростандард банка, во фирмите Галафарм и Галафарм 2 завршиле дополнителни наши парични средства. Тие пари биле трансферирани од други фирми директни должници кон Еуростандард банка, во вид на доделени „позајмици“ кон фирмите Галафарм и Галафарм 2. Па така, до крајот на 2019 година, документите говорат дека Галафарм 2 добила „позајмици“ од 30 фирми директни должници кон Еуростадард банка во вкупен износ од околу 5.100.000 евра, додека Галафарм добила „позајмици“ од 3 фирми должници во вкупен изнод од околу 570.000 евра. Сето ова е организирано за да всушност се сокрие трагата на парите, со намера да тие завршат во туѓи џебови како што во основа и се договориле актерите во криминалот со високото раководство на ограбената банка. Тоа е основата на која почива организираниот криминал и корупција во Еуростандард банка, за којшто сведочат мноштво случаи, а Групацијата Галафарм е еден од позначајните водечки примери на сторениот масовен грабеж на депозитите во банката.

И сега, не се доволно покрадени преку 8 милиони евра наши лични пари преку Групацијата Галафарм, туку сега има обид да се оди уште подалеку. Преку намерата за отворање на стечајна постапка на фирмата Галафарм, се сомневаме дека целта е да се посегне и преземе лиценцата за производство на медицинско масло од канабис, која ја поседува оваа фирма. Бизнисот со марихуана за медицински цели е многу профитабилен и истиот е контролиран од државата преку издавање на лиценци кои се добиваат под одредени строго дефинирани финансиски и други услови. Но, во случајот со Галафарм, начинот на преземање на постојната лиценца е со обид да се отвори стечај над фирмата, па после преку реорганизација да се дојде до лиценцата без да се исплатат долговите кон Еуростандард банка, или тие значително да се намалат по принципот „давај што ќе дадеш”. Со тоа, ние ќе бидеме повторно доверители во стечајна маса, сега на фирмата Галафарм, но во таков случај евидентно ќе пропаднат преку 8 милиони евра наши пари, бидејќи истите ќе ги нема.

Ова е основата на криминалот направен од и преку фирмите Галафарм и Галафарм 2. Таквиот криминал, ќе се согласите, не смее да помине незабележано. А тоа се случува поради инертноста и молчењето на надлежните институции кои до сега не покажаа никаков резултат во разоткривање и казнување за масовниот грабеж во Еуростандард банка преку којшто се покрадоа речиси 60 милиони евра од депозитите на околу 3.000 физички и правни лица депоненти во банката.

Со најавеното рочиште за отворање на стечај над фирмата Галафарм, закажано на ден 23 јули оваа година, се прави обид овој криминал да се прошири и надогради. Актерите се познати, сцената е поставена, останува уште да се случи егзекуцијата на фирмата за неколку дена. Учесниците во овој криминал ќе бидат задоволни бидејќи повторно ќе ги оштетат оние кои ги довериле парите во банката, за да истите преку разни канали бидат покрадени од минати и сегашни измамници. Се разбира, тука сме, постоиме да се спротивставиме на оваа криминална намера за носење на фирмата во стечај. Сега и пред наши очи, а во отсуство на институции кои сето тоа слепо го гледаат повеќе години наназад, не реагирале и понатаму не реагираат.

За тоа како се планира да се изведе овој обид за носење на фирмата во стечај и кои се актери се директно вклучени или се помошници во овој криминален чин, ќе можете да прочитате во утрешната наша објава.

Воедно, повторно ги повикуваме надлежните институции, финансиската полиција, основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и надлежниот вицепремиер Љупчо Николовски, да не седат со скрстени раце и да реагираат, за да се спречи уште еден криминален чин со отворање на стечај над фирмата Галафарм на 23 јули оваа година.

Вистината преку факти излегува на површина. Продолжуваме понатаму!

КРИМИНАЛОТ НАРЕЧЕН „ГРУПАЦИЈА ГАЛАФАРМ“

Еднаш покрадени со затворањето на Еуростандард банка и сега повторно ќе бидеме покрадени во обид да се отвори стечај над фирма должник. Во првиот случај се работи за направен криминал со одобрени ненаплатливи кредити кон фирмите поврзани во „Групацијата Галафарм“ кои пливале во долгови и биле несолвентни, а сега несомнено целта е да се преземе лиценцата за производство на медицинско масло од канабис на фирмата Галафарм. Или во јавноста познато како ‘лиценца за марихуана’, да премине во рацете на фирма со бугарски капитал основана во земјава во септември минатата година. Таа фирма има намера да ја преземе Галафарм без притоа да ги регулира долговите на фирмите од истата групација. Овој криминал е поддржан од познат извршител, а рочиште за отворање на стечај на Галафарм е закажано во Основниот граѓански суд во Скопје на ден 23 јули оваа година, во време кога граѓанските судови се на колективен одмор. Криминалот е тежок повеќе милиони евра, доволно пари за да се поделат на оние кои се инволвирани во истиот, се разбира на штета на сите доверители чии парични средства се покрадоа преку организираниот криминал и корупција во Еуростандард банка, нешто што и понатаму продолжува да се случува со незапирливо темпо. Бидејќи институциите континуирано молчат или пак некои од нив се вклучени во криминалот, останува да се запознае пошироката јавност и странските претставништва во земјава и оние во Брисел за нивото и начинот на продолжениот масовен грабеж на паричните средства на оние кои ги имаа доверено во лиценцирана и контролирана но ограбена банка.

Да почнеме со ред. Во извештајот за банката на стечајниот управник Душко Тодевски има групации од поврзани фирми кои учествувале во грабежот на депозитите од ограбената банка. Една од позначајните е „Групацијата Галафарм“, која према Еуростандард банка должи околу 2.550.000 евра, до денот на нејзиното затворање минатата година. Оваа групација се состои од четири поврзани фирми: Галафарм ДООЕЛ, Галафарм 2 Елеонора ДООЕЛ, Де-Јо Јован ДООЕЛ и Информ ЛЛ ДООЕЛ, сите од Скопје.

Фирмите Галафарм и Галафарм 2 се носители на криминалот во оваа групација. Тие заедно должат околу 1.450.000 евра према Еуростандард банка и немаат платено ниту една рата од кредитите цели 408 дена или од јуни 2019 година. И двете фирми се наоѓаат на иста адреса во општина Ѓорче Петров. Сопственик и управител и на двете фирми е Елеонора Спасовска.

Карактеристично и за двете фирми е што се депоненти на Комерцијална банка, како што е всушност случајот и со многу други фирми должници во Еуростандард банка. Се поставува прашањето дали долговите на Галафарм се прелеале од Комерцијална банка во Еуростандард банка, со рефинансирање на лоши пласмани или на некој друг начин.

Билансите на фирмата Галафарм потврдуваат дека во изминатите четири години, од 2017 до 2020 година, таа била презадолжена. Долговите се движеле од 4.400.000 до 4.600.000 евра додека за истиот период фирмата има негативен акумулиран капитал од 730.000 до 810.000 евра, односно задолженост од 118 до 122 отсто. За целиот тој период фирмата имала континуирани загуби. Со други зборови, фирмата имала екстремно висок ризик, најлоша кредитна оценка и висока кредитна изложеност од работењето. Како високоризична фирма не можел ниту смеел да и се додели кредитен лимит. Согласно перформансите, фирмата била и е неликвидна и не можела да ги сервисира тековните обврски со тековните средства. Слична состојба е и со фирмата Галафарм 2, каде резултатите од работењето се уште полоши од тие на Галафарм. Преку 5.000.000 евра во долгови и уште толку во негативен капитал, со континуирани високи годишни загуби повеќе години наназад. Со напомена дека коефициентот на задолженост на оваа фирма во 2020 година надминал 1.000 отсто, што е екстремна негативна вредност која ретко може да се види.

Додека за фирмите Галафарм и Галафарм 2 постојат хипотеки на станбен и деловен простор и залог на опрема во вкупна проценета вредност од 1.180.000 евра, поврзаните фирми Де-Јо Јован и Информ ЛЛ немале ниту хипотека ниту било какво друго обезбедување, а имаат вкупен долг према Еуростандард банка од 1.100.000 евра, којшто не го отплаќале подолг временски период.

И од сето ова, се наметнуваат многу прашања. Елеонора Спасовска мора да одговори како нејзините фирми ги добиле ненаплатливите кредити додека имале екстремно лоши резултати. Високото раководство на Еуростандард банка не смеело да одобри било каков кредит, но го направило тоа. Без разлика од каде дошле долговите на овие фирми во банката, кредитирање не можело и не смеело да се направи.

Ова е само почеток на разоткривањето на криминалот наречен „Групација Галафарм“. Нашата цел е да покажеме како започнал, како се одвивал и како продолжува овој масовен грабеж во сегашно време. Имаме должност, човечка и морална, да го спречиме криминалот. Стечај на фирмата Галафарм не смее да се случи. Не смее повторно да бидеме покрадени. Во тоа мораме да успееме. За тоа ги повикуваме надлежните истражни органи, финансиската полиција, основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да реагираат. Го повикуваме и вицепремиерот Љупчо Николовски да направи нешто и да го спречи криминалот. Ова е негов ресор и времето за негово делување е поодминато.

Утрешното издание ќе биде уште поинтересно. Ќе откриеме нови детали како всушност се развивал криминалот со „Групацијата Галафарм“ во банката и како за истиот има обид да продолжи понатаму.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРИМИНАЛОТ ПРЕКУ СТЕЧАЈ НАД ГАЛАФАРМ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ

Фирмата за трговија и услуги Нико Фарм ДООЕЛ Скопје се јавува како заинтересирана страна за добивање на лиценцата за марихуана за медицински цели која ја поседува фирмата должник Галафарм. Оваа фирма Нико Фарм е основана на 28 септември 2020 година со депонентна сметка во Комерцијална банка, кус период после затворање на Еуростандард банка во август минатата година. Фирмата е со седиште во општина Кисела Вода во Скопје и е основана со паричен влог од 5.000 евра. Сопственик и управител на фирмата е Николај Иванов Хинтоларски. Веднаш после основањето, фирмата се стекнува со сопственост над сите недвижности како и дел од подвижниот имот на фирмата Галафарм. Се чини дека единствено што недостасува е лиценцата за марихуана за медицински цели во поседување на Галафарм. Меѓутоа, Галафарм е должник во Еуростандард банка и има обврска да ги врати парите кои ги земала од банката односно парите од депозитите на доверителите.

Со цел да не се вратат „позајмените“ парични средства, а да се преземе лиценцата за марихуана за медицински цели и без да се намират долговите, се готви план за итно отворање на стечај на Галафарм, за да грабежот продолжи и се надогради. На сцената доаѓаат извршителот Гордан Станковиќ и судијката Сашка Трајковска. Според нашите сознанија, побарувањата на Еуростандард банка кон Галафарм и другите лица поврзани со Галафарм се реализираат преку извршителот Гордан Станковиќ. Но, износите што се предмет на извршување се далеку од реалниот долг на Галафарм кон Еуростандард банка, поради што се сомневаме дека се работи за спрега во која е вклучен и извршителот со цел да не се наплати целиот долг и до лиценцата за марихуана на Галафарм да се дојде по багателна цена. На штета на доверителите во Еуростандард банка, се разбира, кои повторно ќе бидат покрадени. Во оваа игра дополнително влегува стечајната судијка Сашка Трајковска од Основниот Граѓански Суд Скопје, која на сред судска ферија, кога судот не работи, закажува рочиште за претстечајна постапка на Галафарм.

Не знаеме со сигурност за што се работи, но сите овие случувања се многу симптоматични и сомнителни, а кај оштетените доверители на Еуростандард банка постои длабоко убедување дека се работи за маневар во којшто се вклучува судот чија цел е повторно да се дојде до лиценцата за марихуана на штета на доверителите на Еуростандард банка. Никој од нас не верува дека тука се работи за чесни намери. Напротив, сите се убедени дека се работи за матни зделки пред очите на јавноста, но и на органите кои треба тие матни, подземни игри да ги следат и да ги спречат. Еве им јавен повик, вклучете се и следете, случајот со Галафарм целиот „мириса” на криминал. Иако тоа беше јавно соопштено, сепак во случај да не се правда некој дека не бил запознаен, еве конкретна информација. На ден 23 јули оваа година, во 11:00 часот, во судница број XXIV на III-ти кат нов дел, за време на колективен одмор на Основниот Граѓански Суд Скопје, се закажува рочиште за отворање на стечај над Галафарм, кое ќе го води судијката Сашка Трајковска. Нашите сомневања за отворање на ваква постапка во време кога судот не работи се дека се работи за криминални мотиви, со цел, на мала врата, преку изигрување на законот, да се постигне целта и да се дојде до „бришан простор” за добивање на леценцата за производство на марихуана на фирмата Галафарм. На органите на прогонот и борба против криминалот е тоа да го документираат и да го спречат.

Нашето убедување е дека, се разбира, стечај над фирмата Галафарм не смее да се отвори. Доколку тоа се случи, повторно ќе бидеме ограбени, а во исто време се сомневаме дека целта на фирмата Нико Фарм за преземање на лиценцата за марихуана ќе биде задоволена. Тоа е и основната скриена причина зошто се отвора стечај над Галафарм. За да се задоволат тесни интереси на високо влијателни кругови, помогнати од познат извршител и една судијка, а повторно да бидат покрадени доверителите на Еуростандард банка. Затоа, ние го дигаме гласот, навреме укажуваме дека нешто „матно” се спрема, но и посочуваме кој и каде, во кои постапки тоа ќе се обиде да го „избистри”, поточно, да му даде законска форма. За се да биде според законот. Овојпат не би требало да помине, бидејќи ние, оштетените доверители на Еуростандард банка, навреме алармираме и очекуваме реакција. Во интерес на оштетените 3.000 семејства, бидејќи криминалот што се случува е директно на нивна штета. За да кражбата која е повеќе од очигледна да не се случи повторно.

Продолжуваме понатаму!

loading...

Website https://kissanime.mx: Watch Lan Mo's Flower kissanime Episode 9 kissanime twitter

Website https://animetv.cc: Watch Chu Feng: Yi Dian Zhi Zi animetv Episode 3 popular anime tv shows

ANIMEFLIX: Pokemon Diamond & Pearl anime episode 191 online free at https://animeflix.nl animeflix safe

Designcontest: https://www.designcontest.com/client/kissanimemx/

Hub docker: https://hub.docker.com/u/gogoanimelol

Linkhay: https://linkhay.com/u/animeflixnl