– За жал проектите се веќе почнати и ќе мора да се завршат затоа што се дадени пари, па така ќе ги завршиме продолжувањето на Борис Трајковски, Универзална Сала прва фаза за втора фаза т.е уредувањет на внатрешноста ќе видиме како ќе најдеме пари, ќе го завршам булевар АСНОМ и мостот Михајло Апостолски, ќе ја завршам и клучката кај Момин Поток, ќе се заврши и булеварот Киро Глигоров, Луна Паркот ќе оди на тендер откако прво ќе се постават 7 играчки и ќе се набавуваат уште 20, булевар Словенија ќе се доврши а и мостот на Љубљанска ќе се работи… Ќе се реновира и Теодосиј Гологанов.
Она што ќе го прекинам е планираното префрлање на просториите во поранешната зграда на ЕСМ, проширувањето на Даме Груев и затворањето на центарот за возила, исто така преземањето на парното од БЕГ нема да се реализира и како што е познато од порано проектот БРТ ќе се стопира затоа што е загрозена главната водоводна цевка која поминува на партизанска.
Нови проекти кои ќе се прават е реновирање на Перо Наков, ќе се прави кружен тек на влезот во Сарај, ќе се реновираат улици во Маџари, Волково, и уште неколку улици.
Данела ја обвини владата дека ја саботира и не соработува со неа а го обвини Шилегов дека и оставил огромни долгови па и биле врзани рацете да ја реализира својата програма.