ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА СТАНА НАЈГОЛЕМА ВМРОВКА ПОСЛЕ ГЕРО ВО МЕДИУМИТЕ: ГИ ВИКНА ДВАЈЦАТА АДВОКАТИ КОИ ГИ БРАНАТ ГРУЕВЦИ ПРЕД СЈО И ЗА 27-МИ АПРИЛ, ДА ЈА МАНИПУЛИРААТ ЈАВНОСТА ЗА СЛУЧАЈОТ МИЈАЛКОВ!
ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА СТАНА НАЈГОЛЕМА ВМРОВКА ПОСЛЕ ГЕРО ВО МЕДИУМИТЕ: ГИ ВИКНА ДВАЈЦАТА АДВОКАТИ КОИ ГИ БРАНАТ ГРУЕВЦИ ПРЕД СЈО И ЗА 27-МИ АПРИЛ, ДА ЈА МАНИПУЛИРААТ ЈАВНОСТА ЗА СЛУЧАЈОТ МИЈАЛКОВ!
ХУМАНОСТА НА ЗАЕВ ПОВТОРНО НА ДЕЛО: ПРЕМИЕРОТ ИМ ГИ ДОНИРАШЕ СВОИТЕ 12 500 ЕВРА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДОКТОРИ КОИ СЕ БОРАТ СО КОРОНА, КОИ ГИ ДОБИ КАКО НАГРАДА ЗА ЛИДЕР НА ГОДИНАТА ВО ГЕРМАНИЈА СО ЦИПРАС
ХУМАНОСТА НА ЗАЕВ ПОВТОРНО НА ДЕЛО: ПРЕМИЕРОТ ИМ ГИ ДОНИРАШЕ СВОИТЕ 12 500 ЕВРА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДОКТОРИ КОИ СЕ БОРАТ СО КОРОНА, КОИ ГИ ДОБИ КАКО НАГРАДА ЗА ЛИДЕР НА ГОДИНАТА ВО ГЕРМАНИЈА СО ЦИПРАС
ФИЛИПЧЕ ЗНАЕЛ И ДА ТЕПА, ПАРТАЛИ ГИ НАПРАВИ ВМРОВЦИТЕ ВО СОБРАНИЕ: Вие сте тешки криминалци научени да крадете по цена на здравјето на граѓаните, спремни бевте да градите нови интерни клиники кои ги нарекувавте нов клинички за 120 милиона евра а ние ги реновиравме за 1 милион, разлика од 119 милиони евра, фирмата која требаше да го гради тој ваш клинички отиде во стечај!
ФИЛИПЧЕ ЗНАЕЛ И ДА ТЕПА, ПАРТАЛИ ГИ НАПРАВИ ВМРОВЦИТЕ ВО СОБРАНИЕ: Вие сте тешки криминалци научени да крадете по цена на здравјето на граѓаните, спремни бевте да градите нови интерни клиники кои ги нарекувавте нов клинички за 120 милиона евра а ние ги реновиравме за 1 милион, разлика од 119 милиони евра, фирмата која требаше да го гради тој ваш клинички отиде во стечај!
ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВОВЕДЕ НОВО ПСИХИЧКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ КАЈ ЛИЦА КОИ КОГА ЌЕ ВИДАТ ТЕМЕЛИ НА НОВА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВААТ ДА ПАНИЧАТ И ДА СЕ ТРЕСАТ ОД ПАНИКА!
ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВОВЕДЕ НОВО ПСИХИЧКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ КАЈ ЛИЦА КОИ КОГА ЌЕ ВИДАТ ТЕМЕЛИ НА НОВА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВААТ ДА ПАНИЧАТ И ДА СЕ ТРЕСАТ ОД ПАНИКА!
ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ СЕ ОМРСАТ - Досега откупени 24,5 милиони килограми тутун, за целата реколта обезбедени 70 милиони евра
ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ СЕ ОМРСАТ - Досега откупени 24,5 милиони килограми тутун, за целата реколта обезбедени 70 милиони евра
Заев- Во мала земја за некој што бил директор на УБК , не е тешко да слушне дека е побаран притвор
Заев- Во мала земја за некој што бил директор на УБК , не е тешко да слушне дека е побаран притвор
(ВИДЕО) Маричиќ: И „Евростат“ потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со највисоките стандарди
(ВИДЕО) Маричиќ: И „Евростат“ потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со највисоките стандарди
ПЕНДАРОВСКИ: Го осветливме Кабинетот на претседателот во боите на ретките болести со што се приклучивме на меѓународната кампања за поддршка на овие лица
ПЕНДАРОВСКИ: Го осветливме Кабинетот на претседателот во боите на ретките болести со што се приклучивме на меѓународната кампања за поддршка на овие лица

ШОКАНТНО: Десетина судии од тефтерчето на Гордана Јанкуловска три години успешно се борат да ги застарат сите судски процеси кои ги почна СЈО против клучните луѓе на режимот на Груевски!!!

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека од јануари ќе почнат проверките на судиите и точно ќе се знае зошто се развлекоа толку години, како се случи да застарат обвиненијата против обвинети функционери, зошто по неколку пати им се враќаа судењата отпочеток. Но, и зошто на основани сомненија за криминал обвинителството не отворало или не отвора истрага за одредени лица и компании, или отворило истрага формално, па оставило тоа дело да застари без да мрдне со прст со месеци и години.

„Од она што можам сега да го кажам, критериуми за филтрирање во судството ќе бидат следниве: дали кај судијата има неоправдано одлагање на судските рочишта, има ли непочитување или пречекорување на роковите за судење, застарување на гонење или неизвршување на санкциите во кривичните предмети, неправилна одлука или приговор за застарување од странките, итн“, рече министерот за правда.

Засега, македонското правосудство може да се пофали со борба против висока корупција, само со три случаи кои се водеа или се водат релативно брзо за македонски услови. Станува збор за „Рекет“, во кој поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева беше осудена експресно, потоа „Меѓународен сојуз“, во кој обвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски, како и случајот со наводна злоупотреба на европски пари, во кој е осомничена поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.

Судењето за „Рекет“ почна на 3 декември 2019 и заврши за шест и пол месеци, на 18 јуни годинава, кога Јанева беше првостепено осудена на 7 години затвор. Ременски е обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ и судењето, кое почна на 21 јули година, оди брзо и покрај пандемијата на коронавирус. За Димова беше отворена истрага веднаш откако во октомври во јавноста излегоа сомнежи за злоупотреба на средства од европски фондови и случајот е пред обвинение. Во меѓувреме беше разрешена и ѝ беа изречени мерки на претпазливост.

Методологијата за филтрирање на судството е при крај и нејзино главно оружје конечно нема да биде проверка на имотната состојба, бидејќи никој мито не прима на трансакциска сметка. Тече проверката на имотната состојба на судиите, но главен акцент ќе се стави на, според она што го кажа вчера министерот за правда Бојан Маричиќ, судиите кои ги развлекоа постапките за организиран криминал и корупција. Секако и за развлечените судски постапки за друг криминал, како што е онаа за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, потоа за граѓански, управни, стопански постапки.

Предметот „Траекторија“ за кинеските автопати, почна на 6.12.2017 година и тоа нема намера наскоро да заврши. Во меѓувреме му застаре делото на обвинетиот Никола Груевски. Таму се обвинети поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот Љупчо Георгиевски. Овој предмет го суди судијата за организиран криминал Горан Бошевски од Основниот кривичен суд.

Судењето „Тортура“ почна во март 2018 година, се враќаше на почеток двапати и уште трае. Обвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на единицата „алфи“ во МВР. Судија е Александра Ристовска од Основниот кривичен суд.

„Тендери“ е судење кое почна во февруари 2018 година и се врати на почеток. Уште трае. Обвинета е ексминистерката Елизабета Канческа – Милевска. Тука е карактеристично што од едно судење до друго имало рекорден период од 3,5 месеци. Го води судијата за организиран криминал Осман Шабани.

Најстарото обвинение е за Насилство и шамари во Центар, кое почна на 22.02.2017. Дури пред околу два месеца заврши во прв степен. Судијата Душан Јосифов уште ја пишува пресудата.

На 24.01.2018 година почна судењето ТНТ каде првообвинет за одмаздничкото уривање на објектот Космос на Фијат Цаноски е избеганиот Груевски. Ова судење не заврши пред поротничката да оди в пензија, обвинетите и одбраната тоа го искористија, и судењето кога беше пред пресуда, се врати отпочеток. Сега не е ни на средината. Судија е Огнен Ставрев од Основниот кривичен суд.

Еден од постарите судења е и „Тотал“ за даночно затајување против новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ-Латас. Почна на 5.12.2017 година, го водеше судијата Ѓоко Ристов. Лани доби унапредување во Апелациониот суд Скопје, па судењето се врати , го презеде друг судија.

На 5 февруари 2018 почна судењето „Трезор“ за незаконската набавка на опрема за прислушување од Велика Британија, а меѓу обвинетите е Сашо Мијалков. Судењето уште трае, го води судијата Џенета Бегтовиќ.

Главниот предмет „Тврдина-Таргет“ за масовното незаконско прислушување почна на 17 јануари 2018 година и уште трае. Овој предмет со обемни материјални докази и десетици и десетици предложени сведоци го води Бегтовиќ. Тука обвинети се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Горан Грујевски, Никола Бошковски, Тони Јакимовски.

Исто е и со „Титаник“, уште пообемен предмет, со 200 сведоци, 1.000 „бомби“, 5.900 материјални докази. Почна на 2.04.2018 година, уште трае. Обвинети за злосторничко здружување и за уште неколку дела изборните незаконитости Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Билјана Бришковска, Кирил Божиновски… вкупно 21 лице. Го суди судијата Шабани.

Ова се дел од судењата од висок јавен интерес кои никако не може да дојдат до завршница, до пресуда, каква и да била таа, за разлика од Јанева. Треба да се знае и дека за сите овие судења обвиненијата беа поднесени уште на 30 јуни 2017 година и со месеци се мачеа да бидат оценети, одобрени и да почнат. Имаше и такви како „Талир“, за нелегалното финансирање и перење пари од страна на избеганиот Никола Груевски и други од раководството, кое се одложи околу 11 пати и едвај почна.

Министерот Маричиќ на секој настап бара да се завршат истрагите што ги презеде обвинителството од СЈО, но и да се искористи материјалот од прислушуваните разговори, иако бомбите веќе не важат, но може да се индиции за сторен организиран криминал. Им се погоди пандемија, па обвинителството може да се вади дека малку е закочено со овие истраги, не е здравствено безбедно да се повикуваат странки.

Истрагата за „Империја“, каде што се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков почна на 9 ноември 2018 година. Претрпе многу политички игри, како вмешување на Врховниот суд, партиски преговори за нов закон за обвинителство, префрлување од СЈО, доделување втор обвинител на истрагата како надзор врз обвинителката Лиле Стефанова, барање вештаци за доказите на 80.000 страници… и дури сега почнува вештачењето.

ИЗВОР: СДК.МК

loading...

Haikyuu!!: To the Top 2nd Season Episode 12 at website https://funimationfree.com steins gate funimation

By the Grace of the Gods Episode 12 at website https://animeheaven.pro hunter x hunter anime heaven