ПРОБИШТИП СЕ ПОДНОВИ СО 4 НОВИ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ И 140 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ
ПРОБИШТИП СЕ ПОДНОВИ СО 4 НОВИ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ И 140 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА ВЕЛИЧИНА Е ПАНДЕВ ВО СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА ВЕЛИЧИНА Е ПАНДЕВ ВО СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
(ВИДЕО) БРАВО МОМЦИ, НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКО, И ТОА Е НАЈВАЖНО!!!
(ВИДЕО) БРАВО МОМЦИ, НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКО, И ТОА Е НАЈВАЖНО!!!
(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ ГО КОМЕНТИРА ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ФАН: УПОРНО ЛУПА ВО ТАПАНОТ А ТОЈ ИСЦЕПАН ПАРАМ ПАРЧЕ!
(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ ГО КОМЕНТИРА ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ФАН: УПОРНО ЛУПА ВО ТАПАНОТ А ТОЈ ИСЦЕПАН ПАРАМ ПАРЧЕ!
ЗАЕВ: ПРЕД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, БУГАРСКИОТ И ХРВАТСКИОТ НАРОД ЌЕ БИДАТ ВПИШАНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ
ЗАЕВ: ПРЕД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, БУГАРСКИОТ И ХРВАТСКИОТ НАРОД ЌЕ БИДАТ ВПИШАНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ
ШОКАНТНО - СВАРОВСКИ СУДСТВОТО УШТЕ ЖИВЕЕ: МЕСТО ДА ДОНЕСЕ ПРЕСУДА, СУДОТ ПО ТРЕТ ПАТ ОДЛУЧИ ОДНОВО ДА ИМ СЕ СУДИ НА МИЈАЛКОВ И АЛФИТЕ ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИ
ШОКАНТНО - СВАРОВСКИ СУДСТВОТО УШТЕ ЖИВЕЕ: МЕСТО ДА ДОНЕСЕ ПРЕСУДА, СУДОТ ПО ТРЕТ ПАТ ОДЛУЧИ ОДНОВО ДА ИМ СЕ СУДИ НА МИЈАЛКОВ И АЛФИТЕ ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИ
Филипче: Жената е на прво место во општеството, се грижиме за секоја мајка и сопруга
Филипче: Жената е на прво место во општеството, се грижиме за секоја мајка и сопруга
(ВИДЕО) ЗАЕВ ОД СОФИЈА: АПЕЛ ДО БРАЌАТА БУГАРИ ДА НИ ПОМОГНАТ, ИМ ДОЛЖИМЕ ИДНИНА НА МЛАДИТЕ, ДА НЕ РОБУВАМЕ НА ИСТОРИЈАТА СО ШТО ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИМЕ СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА
(ВИДЕО) ЗАЕВ ОД СОФИЈА: АПЕЛ ДО БРАЌАТА БУГАРИ ДА НИ ПОМОГНАТ, ИМ ДОЛЖИМЕ ИДНИНА НА МЛАДИТЕ, ДА НЕ РОБУВАМЕ НА ИСТОРИЈАТА СО ШТО ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИМЕ СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА

ШОКАНТНО – КАКО ДА УБИЛЕ КУЧЕ А НЕ ПОЛИЦАЕЦ НА РАБОТНА ЗАДАЧА, ВО САД ЗА ОВА СЕ ДОБИВА ДОЖИВОТНА КАЗНА: СУДИЈА ВО ВЕЛЕС ОСУДИ НА САМО 7 ГОДИНИ ЗАТВОР ТРОЈЦА БРАЌА КОИ ИЗРЕШЕТАА ПОЛИЦАЕЦ НА ГРОБИШТАТА ВО ВЕЛЕС?!?!?!

Осудените Јохан, Орхан и Мустафа Кантурови од Велес остануваат во притвор до правосилноста на пресудата. (Фото: СДК.МК)

Браќата Кантурови, Јохан (32), Орхан (30) и Мустафа (29) од Велес добија вкупно 21 година и шест месеци затвор за убиство во обид над полицаецот Ердинч Мемедалиев. Судијата Шефшет Адеми од Основен суд Велес, ги прогласи за виновни и им изрече затворска казна, на Јохан од седум и пол години, додека Орхан и Мустафа добија по пет години затвор за убиство во обид и три за напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста, или во единствена од по седум години. Пресудата не е правосилна.

Настанот се случи на 2 февруари годинава, на гробиштата во црквата „Св. Спас“ во Велес, околу 10 часот. Оштетениот Мемедалиев беше застрелан со три куршуми во пределот на стомакот, од неговиот пиштол кој обвинетиот Јохан му го одзел. Според обвинението, тој со колешка во цивилна облека бил на терен за да се откријат сторители на кривични дела, за кои граѓаните често реагираа. Додека Јохан пукал во полицаецот, неговата колешка, второ и третообвинетиот Орхан и Мустафа ја држеле за да не може да му помогне. Обвинителката Аделина Станинова во завршен збор побара казна која ќе биде примерна за делото кое е сторено.

„Во последно време, во земјава се случени повеќе напади на службени лица, полицајци и затоа треба да се изрече казна, која ќе биде санкција ќе ги спречи идните. Полицајците во овој случај постапувале по писмена наредба, на критично место, фаќање на сторители на кривични дела, иако биле во цивилна облека“, рече Станинова.

Акцијата на полицијата доаѓа по повеќето случаи на напади на граѓани кои ги посетувале гробните места на најблиските, при што биле цел на физички напади и разбојништва. Им биле одземани пари, мобилни телефони, чанти, накит, а на кои жени дури им биле оштетени ушните школки кога биле напаѓани и одземани обетките.

Тројцата браќа Јохан, Орхан и Мустафа одрекоа дека се чувствуваат виновни. Во нивното сведочење, тврдеа дека во критичниот момент биле под дејство на опијати, Јохан под дејство на силни лекови, а Орхан и Мустафа пушеле марихуана, а биле иритирани дека отштетените ги следат и пазат.

„Нема правен основ на мојот клиент да му се суди. Нему може да му се суди за убиство на миг, бидејќи тој нема намера, нема мотив. Средбата била случајна. Нема утврдено кој прв пукал, не е земена парафинска ракавица од полицаецот Мемедалиев“, рече Борче Стојанов, бранител на првообвинетиот Јохан Кантуров.

„Полицајците во нивната акција не се идентификувале. Кога се случил инцидентот, двајцата обвинети повеќе мислеле на оштетениот полицаец, отколку на себе. Па му помогнеле да стане, да се среди“, рече адвокатот Ане Василковски, бранител на Орхан и Мустафа Кантурови.

Сите тројца остануваат во притвор до правосилноста на пресудата.

ОБНОВЕНО: Дознаваме дека можна причина зошто казната е мала е затоа што полицаецот во кој било пукано сепак преживал и затоа им се суди за обид за убиство, иако и тоа не е некој изговор тој полицаец со тие три дупки во стомакот веќе е инвалид цел живот, и со кој памет се пука 3 пати по човек па уште и полицаец на работна задача?!?!?!?!

loading...

ANIMEFLIX animeflix fairy tail: Watch SK8 the Infinity Episode 6 (https://animeflix.nl/m/m5q7/ep-6)

GoGoAnime gogoanime haikyuu: SK8 the Infinity (https://gogoanime.be/m/GpRr) Episode 12