Претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева-Стадрелова вели дека нема пријави дека овие лекари во своите ординации убедувале пациенти да не се вакцинираат
Тројца лекари специјалисти се пријавени во Лекарската комора за антиваксерско дејстување, соопшти денеска претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева-Стадрелова.
Таа вели дека со овие лекари ќе се разговара, но дека како Комора немаат законска основа да покренат санкции против нив, бидејќи нема пријави дека овие лекари во своите ординации убедувале пациенти да не се вакцинираат.
„Имаме за тројца доктори за објава на фејсбук-статуси. Затоа и ги повикавме стручните здруженија да се ангажраат повеќе, да дадат аргументи затоа што ова е ситуација на непознаници, за нова вакцина, нова област, се работи за многу починати и заболени“, вели Гривчева-Старделова.
Пред два дена Комората ги повика граѓаните да ги пријавуваат лекарите и медицинските лица кои објавуваат шпекулации и невистини за вакцинацијата и коронавирусот.
Лекарската комора бара законски измени, но и национална стратегија во борба против лажните вести за вакцините, но Гривчева-Старделова вели дека прво ќе се разговара со сите лекарски здруженија на оваа тема.
Мактел истражуваше на оваа тема и дојдовме до шокантно сознание дека шефицата на лекарска комора ја лаже јавноста, тие сега имаат на располагање три документи според кои можат да им ги одземат лиценците на тројцата лекари анти ваксери, тоа се кодексот на лекарите, правилникот за работа на комората и законот за здравство. Еве ги точните членови кои се повикуваат еден на друг:
– начинот на работа на комората, поточно како се одземаат лиценци:
– членот 132 од законот за здравство за тоа по кој основ може да се одземе лиценца:
– ова е кодексот на лекарите каде точно е определено дека лекарите мора да се грижат за јавното здравство, во што секако не спаѓа ширењто лаги за вакцинацијата, процесот на вакцинација одамна е научно докажан медицински метод за борба против епидемиии и пандемиии и со тоа што шират лажни вести и скепса за вакцинацијата, тројцата анти ваксери лекари јасно го прекршиле кодексот на лекарите, поточно членовите 10 и 11:
Шефицата на Лекарска Комора очигледно ја лаже јавноста и ги штити своите колеги измислувајќи причини зошто не можеле ништо да преземат, а еве законски можности како треба да се свика судот на честа на лекарска комора и да се донесе одлука дека лекарите го прекршиле кодексот и затоа им следува одземање на лиценците за работа.