ШОКАНТНО – ПРОФЕСОР ПО ПРАВО НЕ ЈА ЗНАЕ РАЗЛИКАТА МЕЃУ ПРИТВОР И ЗАТВОР?!?!

„Навистина не можам да разберам и како правник меѓудругото, како човек кој е во затвор и во тој момент треба да служи затворска казна вие му давате мерка притвор. Значи, човек кој е во затвор добива мерка притвор, не, тој треба да се врати во затвор. Притворот е мерка која треба да го обезбеди лицето, но тој е во затвор и не може да му се даде притвор“,

вели Пендаровски во гостување на 360 степени на Алсат М.

Замислете професор по право и претседател кој треба да носи амнестии да назначува судии не знае што е разликата меѓу притвор и затвор… Ццц…

Притвор е мерка со која се ограничува можноста сторителот да го повтори делото и да влијае на сведоците. Додека е некој во притвор не смее да излегува на викенди, не смее да прима посети, буквално е изолиран додека трае судскиот процес.

Затвор е кога човек е казнет правосилно и тогаш иако е затворен во некоја установа има право на редовни посети на блиски, има право на излегувања од затвор на викенди или некои прегледи, има право на прекин на затворот од медицински причини, многу е посолободен затворот затоаш што целта е да се казни а не да се изолира индивидуата за да не го повтори делото и да не влијае на сведоците во судскиот процес.

Да си професор по право и ова да не го разбираш и да тресеш зелени популистички на тв за да се правиш како да си морално над сите е навистина траги комично. Пендаровски обожава да се прави најпаметен и сите да ги омаловажува, он е како некое соврешно божество а сите околу него се мајмуни, толку е влезе човеков во его трип.