Француското МНР: Следните денови ќе бидат одлучувачки за Северна Македонија
Француското МНР: Следните денови ќе бидат одлучувачки за Северна Македонија
Бугарското собрание го одобри францускиот предлог
Бугарското собрание го одобри францускиот предлог
Рама: Вистинските пријатели не си наштетуваат едни на други, туку се искрени и си подаваат рака
Рама: Вистинските пријатели не си наштетуваат едни на други, туку се искрени и си подаваат рака
БОМБА НА БУГАРСКИОТ ЕВРО ПРАТЕНИК ИЛХАН ЌУЧУК: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ
БОМБА НА БУГАРСКИОТ ЕВРО ПРАТЕНИК ИЛХАН ЌУЧУК: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ
Рама до бугарското МНР: Пријатели, кренете го ветото или издржете ме
Рама до бугарското МНР: Пријатели, кренете го ветото или издржете ме
САД ќе испратат уште 450 милиони долари во Украина
САД ќе испратат уште 450 милиони долари во Украина
Не им се ризикува: ЕУ ќе ја преиспита блокадата на Калининград, вели Борел
Не им се ризикува: ЕУ ќе ја преиспита блокадата на Калининград, вели Борел
ЧЕТИРИ ДЕНА АРАЧИНОВО БЕЗ СТРУЈА И БЕЗ ВОДА – Жителите: Останавме на милост и немилост на Бог
ЧЕТИРИ ДЕНА АРАЧИНОВО БЕЗ СТРУЈА И БЕЗ ВОДА – Жителите: Останавме на милост и немилост на Бог

ШОКАНТНО: Руската амбасада во Скопје со закана дека „евидентираат“ неистомисленици, етикетирани како „русофоби“

Руската амбасада во Скопје е единствена од регионот на Балканот која преку Твитер го пренела и превела „предупредувањето“ од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за зголемено ниво на „русофобија“ со напомена дека „сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“.

Наспроти тоа што државните институции на Руската Федерација на своите граѓани им имаат ограничено или забрането пристап до социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, руското МНР продолжува активно да ги користи обете.

На 5 март во 17:55 ч. официјалниот твитер-профил на МНР на Русија го објави следното соопштение, кое неколку часа потоа беше преведено и на македонски и пренесено од официјалниот твитер-профил на Амбасадата во Скопје во 23:03 часот истиот ден.

„ ПРИВЛЕКУВАМЕ ВНИМАНИЕ НА НЕВИДЕНОТО НИВО НА РУСОФОБИЈА ЗАБЕЛЕЖАНО ВО ГОЛЕМ БРОЈ СТРАНСКИ ЗЕМЈИ ВО ПОЗАДИНА НА СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО УКРАИНА.

❗ ПРЕДУПРЕДУВАМЕ ДЕКА СИТЕ ВАКВИ ИНЦИДЕНТИ СЕ ВНИМАТЕЛНО ЕВИДЕНТИРАНИ. “

Ден претходно, на 4 март, Руската Дума усвои закон со кој се пропишани драконски казни за делото „свесно ширење на лажни вести“ за операциите на руската војска, со кој за некои дела се предвидува и казна затвор до 15 години, извести „Вистиномер“.

Државната дума воведе и прекршочна одговорност за „дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација“. Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Со овој нов закон за цензура за активностите на руските вооружени сили против Украина забрането е да се користат термините како „инвазија“ и „војна“, туку смее само да се користи официјалната терминологија „специјална воена операција“.

Објавата на руската амбасада во Скопје предизвика стотици реакции на пркос од навредени македонски граѓани, од изрази на неверување до навреди и изразување поддршка за нападнатата Украина, заедно со поддршка за рускиот народ кој исто така страда под диктатура.

Наспроти мнозинството реакции, може да се забележат и неколку твитови од профили кои се идентификуваат како дел од партијата Левица со изрази за поддршка за режимот во Кремљ, обиди за дискредитирање новинари и ликување од правење списоци за отстрел.

Закани и обвинувања за „русофобија“ како пропагандно оружје

Обвинувањата за „русофобија“ се дел од пропагандниот арсенал на Кремљ на кој со години предупредуваат аналитичари од Европа. Така на пример, во студијата „Русофобијата во стратегијата на Кремљ. Оружје за масовно уништување“ (Russophobia in the Kremlin’s strategy. A weapon of mass destruction) објавена од полскиот тинк-тенк Центар за источни студии во ноемри 2015 г., се наведува:

„ГРАДЕЊЕТО НА ИМИЏ НА РУСОФОБНИ ЗЕМЈИ ВО МОМЕНТОВ СЕ КОРИСТИ ВО ОБЛИКУВАЊЕ НА НЕО-ИМПЕРИЈАЛНИОТ ПОЛИТИЧКИ ИДЕНТИТЕТ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, СО ЦЕЛ ДА СЕ МОБИЛИЗИРААТ ЗА СООЧУВАЊЕ СО РЕАЛНИ ИЛИ НАВОДНИ ЗАКАНИ, А ИСТО ТАКА СЛУЖИ И КАКО НАЧИН ЗА ВРАЃАЊЕ НА ПСИХОЛОШКА УДОБНОСТ КАЈ НИВ НАСПРОТИ НЕУСПЕХОТ НА АКЦИИТЕ НА КРЕМЉ (КАКО НА ПРИМЕР ВО УКРАИНА). МИТОЛОГИЗИРАНИОТ СТЕРОТИП НА РУСОФОБНИ ЗЕМЈИ ИСТО ТАКА ОСТАНУВА КРУНСКИ АРГУМЕНТ И ПРОСТО ОБЈАСНЕНИЕ ЗА ПОСТОЈАНИТЕ ТЕНЗИИ ВО РЕЛАЦИИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И ЗАПАДОТ.“

Руската амбасада во Скопје и во минатото има упатувано директни закани кон граѓаните на Република Северна Македонија. Кога во март 2018 година беше протеран вработен во амбасадата заради дејности кои излегуваат од рамки на дипломатскиот статус, рускиот амбасадор Олег Шчербак изјави дека Македонија не треба да се придружи на НАТО и дека „во евентуален судир меѓу Русија и НАТО, Македонија ќе биде легитимна мета“.

Тогаш на специјална конференција за медиуми Шчербак рече:

„РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ВКЛУЧУВАЊЕТО ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД ОВАА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА И ДЕЛ ОД АГРЕСИЈА НА РУСИЈА. СО ТОА ВИЕ ЌЕ СТАНЕТЕ МЕТА НА ВОЗВРАТЕН УДАР ОД РУСИЈА. ДАЛИ ВИ ТРЕБА ОВА ВАМ И НА ВАШИТЕ ДЕЦА? ОСВЕН ТОА, ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО ВО НАТО ЌЕ ДОВЕДЕ ДО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СУВЕРЕНИТЕТОТ И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА…“

Наредните месеци Шчербак продолжи да објавува предупредувања против вклучувањето на земјата во системите за европска солидарност. Во август 2018 година тој беше сменет од амбасадорската функција, а на негово место беше поставен тековниот амбасадор Сергеј Баздникин.

Во моментот на заклучување на оваа вест, веб-сајтот на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје macedonia.mid.ru е недостапен. Сепак, нивната Фејсбук страница е достапна. Слично на заканата на Твитер, и на Фејсбук е објавен пост со предупредување дека сите вакви инциденти ќе биле “внимателно евидентирани”, а релевантните материјали ќе биле пренесени до надлежните органи за правна проценка, а виновниците ќе одговарале согласно важечките закони.

loading...

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/