ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ШОКАНТНО: САМО ЗА МАЈКАТА НА БЕЛЧЕВА НЕМАЛО МОРАТОРИУМ Врз трошната барака ќе никне објект од 1000 квадрати

Изминативе 70 години ние бевме жртви на институциите кои нè водеа низ бескрајни лавиринти и нема да дозволиме некои активисти да си поигруваат со нас. Токму поради тие активисти, и конкретно сега актуелната советничка во Општина Центар Јана Белчева, ние со години не смеевме да направиме никаква интервенција на сопствениот дом, за колку-толку да си ги подобриме условите за живот, рекоа денеска жителите на Ново Маало.

– Со мораториумот кој Белчева го донесе во 2017 година како претседателка на Советот на Општина Центар, ние претрпевме директна штета, а таа не кажува зошто од тој мораториум го исклучи спорниот ДУП Ј07 во елитната населба на Водно кој предвидува дури петкратно зголемување на вкупно изградената површина и четирикратно зголемување на катноста. Тоа значи дека овие приземни бараки овде, сега може да имаат плус два ката и поткровје – рече Игор Стојанов од групата граѓани од Ново Маало на денешната прес-конференција, која се одржа на местото каде што семејството на Белчева продало плац на кој ќе се гради огромен објект.

Стојанов, во името на жителите на Ново Маало, јавно ја запраша Јана Белчева дали овој ДУП не го става под мораториум бидејќи смета дека бетонизацијата на Водно е во ред, дека Водно не е предмет на нејзиниот активизам, дека Водно не го смета како составен дел од Општина Центар или имотот на Водно кој таа го продава е побитен од интересот на граѓаните?

– Вистинскиот одговор е дека Јана Белчева имала личен интерес за имот на нејзиното семејство пред кој стоиме денес. Таа личниот интерес го става пред интересите на нејзините сограѓани во Општина Центар кои ги држи во агонија цели три години со нејзиниот незаконски мораториум – вели Стојанов.

Тој покажа фотографии како изгледала семејната барака на Јана Белчева на Водно, и како би можел да изгледа објектот на оваа локација согласно ДУП Ј07, кој таа не го вклучила во мораториумот.

– Оваа барака од 200 м2 нејзината мајка Марија и нејзиниот вујко Климе во септември 2020 година ја продаваат за фантастични 380.000 евра, на кое место денес може да изгради огромен објект од 1.000 м2. Повторувам: 380.000 евра личен профит, а може и повеќе со пари-на-рака, и објект од 4 ката на површина од 1.000 м2. Прашуваме: дали со ДУП-от кој го исклучува од мораториумот, таа гледа, шанса за профит – прашува Стојанов.

Новомаалци додаваат дека за сè ова имаат обезбедено и сеопфатна документација и сè подготвени да ја приложат до надлежните органи за јавно расветлување на случајот – која е вистината зошто ДУП Ј07 не бил ставен под мораториумот на Јана Белчева?

– Воедно, најавуваме и дека ќе поднесеме претставка до Советот на Општина Центар, до градоначалникот и до Антикорупциска да го истражат овој случај, а ги покануваме и медиумите самите да истражат зошто ДУП Ј07 не беше под мораториумот на Јана Белчева – најавија жителите на Ново Маало.

Жителите на ова скопско маало велат дека никој нема право да одлучува за нивните имоти, но и со нивните животи, а тоа треба да го разберат за сите т.н. активисти, бидејќи Ново Маало не е јавен простор.

– Тоа се приватни парцели, приватен имот и ние нема да дозволиме да ја испуштиме оваа шанса кога конечно имаме инвеститор кој преку фер обесштетување ни го решава нашиот децениски проблем. Доколку блокадите од Јана Белчева продолжат, ние нема веќе да трпиме, да молчиме и да се изјаснуваме само преку медиумите, туку ќе поднесеме тужба до надлежните органи и лично против Јана Белчева додека претседаваше со Советот на Општина Центар за претрпена штета од 2017 до 2021 година за време на нејзиниот незаконски мораториум – вели Стојанов, кој заедно со останатите жители на Ново Маало изрази силен револт кон реакциите на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и нејзините обиди за суспендирање на комплексот „Гранд“ на паркингот спроти „Холидеј Ин“.

loading...

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 19

english dubbed anime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2

Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2

ANIMEFLIX Attack on Titan Season 3 (Dub)

anime streaming ANIMEFLIX Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?