ШТИП ВО ЖАЛОСТ, ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ШТИПСКИ НОВИНАРИ, ТРАЈЧЕ ЈОВАНОВ

Кирил Манев:

ИН МЕМОРИАМ ТРАЈЧЕ ЈОВАНОВ (60)

ТАГА ЗА МЕНЕ, ЗА ШТИП, МАКЕДОНИЈА…!

Почина мојот голем пријател и другар, колега со кој работевме заедно со децении, Трајче Јованов.Во шок сум. Не можам да ги средам мислите. Зарем Трајче можеше да заминеш без згогум да кажеш.! Овие немирни времиња не не слушаат. Удираат по организмот, по здравјето. А до вчера Те слушав на Енџелс радио. Слушав музика од Твојот фестивал МАКФЕСТ, каде Ти беше раководител на прес службата во „златните“ години на овој фестивал, кога директор беше Стојан Троицки. Со ТЕБЕ заедно растевме во Радио Штип. Ги пребродивме сите проблеми, не напаѓаа политичарите, ни влегуваа судии, полиција, суд, ама никогаш не се предававме.Знам дека тоа се одразуваше на нашето здравје., Но, ние си го сакавме Радио Штип.

Се сеќавам кога дневно реализиравме по пет радио преноси од различни настани. И од МАКФЕСТ. Ти беше храбар новинар,кога имавме и политички упад во радиото. Вршеше директен пренос од тој упад. Се боревме, но на крајот ни откинаа дел од нас , од животот . Политичарите, како преки суд, го затворија Радиото. Не прифати најголемиот хуманист , кој постојано не поддржуваше Роберт Димитров, Телекабел, каде и сега работеше . Ти остана до крајот на животот ГОЛЕМ НОВИНАР, ОДЛИЧЕН ДРУГАР. КРЕАТИВЕЦ кој ретко се раѓа.. Голем беше и кога се одржуваше МАКФЕСТ, кога како раководител на прес центарот, ги поддржуваше сите новинари во Македонија Беше член и на Музичката младина на Македонија со нашиот заеднички другар и пријател Донче НАЦЕВ .ЕДЕН ПЕРИОД БЕШЕ И ДИРЕКТОР НА Радио Штип, ПО 2000 ГОДИНА.

Само колку златни плакети освојувавме на деновите на македонското радио!, Го афирмиравме Штип, за возврат што добивме!? Само ни се нарушуваше здравјето Беше комуникативен, добродушен со големо срце, кое на крајот не издржа. Секогаш ќе ми останеш во сеќавање заедничкото дружење, борбата да го сочуваме Радиото. На крајот Роберт Димитров не прифати , да не бидеме на улица.. Ни помогна кога ни беше најтешко. Но, не верував дека одеднаш вака ќе Те загубам Ти беше новинар кој работеше 24 часови дневно, кој покрај тоа што ги следеше сите настани, музиката ти беше фах, но и спортот. Само колку спортски радио преноси заедно сме реализирале !

Беше и хуман, секогаш коректен, голем човекољубец Ова е страшна вест за мене, за Штип, Македонија. Сите не зави во црнина. Ти си заслужен граѓанин на Штип. Твоето семејство , заедно со него, и ние тагуваме за Тебе.

Сочувство до ТВОЕТО ЕСНФАСКО СЕМЕЈСТВО, сопругата Олгица,, ќерката Ефимија Нека Бог ТИ подари ЦАРСТВО НЕБЕСНО. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ТВОЈОТ ЛИК СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ ВО МОЕТО СРЦЕ!

sunwin club tải sunwin apk tải sunwin

sunwin tài xỉu

tải sunwin

game bài sunwin

sun win