Османи: Силно ја поддржуваме аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО
Османи: Силно ја поддржуваме аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО
Маричиќ: Преку ИПА проекти за управување со органски отпад ги реализираме целите на Залениот договор
Маричиќ: Преку ИПА проекти за управување со органски отпад ги реализираме целите на Залениот договор
КАСАМИ МУ ДАДЕ КОРПА НА МИЦКОВСКИ: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ!
КАСАМИ МУ ДАДЕ КОРПА НА МИЦКОВСКИ: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ!
(Фото) Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза
(Фото) Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза
СДСМ инвестира во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп
СДСМ инвестира во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп
ВМРО ДПМНЕ СЕ ФАЛИ ДЕКА ВОДАТ НА АНКЕТИ, СДСМ ВЕЛИ ДЕКА ТОА СЕ НАРАЧАНИ АНКЕТИ СО ВЕШТАЧКИ БРОЈКИ
ВМРО ДПМНЕ СЕ ФАЛИ ДЕКА ВОДАТ НА АНКЕТИ, СДСМ ВЕЛИ ДЕКА ТОА СЕ НАРАЧАНИ АНКЕТИ СО ВЕШТАЧКИ БРОЈКИ
Претрес во Куманово и Кичево, пронајдени кокаин, амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач
Претрес во Куманово и Кичево, пронајдени кокаин, амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач
Зеленски: Евровизија ќе се одржи во Мариупол!
Зеленски: Евровизија ќе се одржи во Мариупол!

ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ СО ДЕНЕШНИТЕ ДЕЦА, ЌЕ ГИ ХРАНИШ И ПАЗИШ 20-30 ГОДИНИ ЗА ОНИ САМИ ДА СЕ УТЕПААТ ОД ДОСАДА И УЗУР – Друштвото на исчезнатиот хрват во Белград консумирало дрога

Овие нови млади генерации веќе не знаат што лудост да направат за да се истакнат пред другарите и женските на кои им се удвараат. Претходните генерации минале низ многу тежок живот и борбата за живот била толку драматична што никој не би ризикувал да умре од дрога, максимум што се правело е што ќе се опие човек ќе преспие и утре ќе го боли глава, сега малце им е алкохол па уште и дрога разни апчиња пушење марихуана се тоа на куп е бомба за телото…

Друштвото на дваесет и седумгодишниот Матеј Периш, кој исчезна на ноќта пред Нова Година во Белград, вечерта испиле многу алкохол, но консумирале и дрога, откри претседателот на Полицискиот синдикат на Србија, Вељко Мијаиловиќ кој детално го опиша однесувањето и движењето на момчето од Сплит пред исчезнувањето.

-Момците од Сплит дошле во Белград на 30 декември, а се сместиле некаде пред 18 часот. Во местото каде биле сместени веќе почнале да консумираат алкохол. Околу 21 часот отишле во ресторанот „Амбар“ каде исто така пиеле алкохол. Продолжиле во клубот „Готик“, а таму нарачале голема количина алкохол, открил тој.

Тој ги потврди пишувањата во медиумите дека момците консумирале и опијати, од кои најопасен бил наркотикот „спид“.

-Можете да замислите како тоа влијаело на нивните тела, алкохол плус наркотици. Матеј некаде околу 1.40 станал од маса и нагло излегол надвор. Факт е дека неговите другари речиси саат време подоцна приметиле дека го нема. Исчезнувањето го пријавиле утредента попладне, открива Мијаиловиќ.

Тој нагласи дека полицијата од самиот старт од нив добивала оскудни информации.

-Не споменуваа опијати, меѓутоа ние најдовме траги во комбето с коешто дошле од Хрватска како и во смештајот во Белград. Тие консумирале дрога, најверојатно сите седуммина. Таа дрога ја донеле со себе, рекол полицаецот.

Тој додава дека не треба да се заборави и фактот што Матеј бил потресен од смртта на неговиот другар, трагедија која се случила пред месец и пол дена.

Инаку, потрагата по исчезнатиот сплитчанец влезе во седми ден, а нуркачите ja пребарува реката Сава со надеж дека ќе најдат некаква трага што ќе помогне во истрагата.

Дарко Ковачевиќ од „Мрежа за опасност Србија“ изјави дека со детално пребарување „најдени се траги“ кои би можеле да одговорат на прашањето каде Матеј влегол во Сава.

– Во принцип, телото секогаш се бара низводно доколку има информација дека некое лице воопшто влегло во водата на одреден простор. Но, бидејќи сега тоа не е целосно потврдено, пронајдени се некои траги. Тоа се некои лични предмети кои се пронајдени. Сега се истражува секоја можност, сите навистина се трудат да го најдат младиот човек. Сите се уште се надеваме дека ќе го најдеме во некои многу посреќни околности – изјави Ковачевиќ за српски Блиц.

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4anime. biz 4Anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

4Anime Pokémon Journeys: The Series

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

Naruto: Shippuden

4Anime 6 LOVERS Episode 1

tải go88