На 13.12.2021 во 20.17 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(26) од Кратово пријавил дека околу 19.00 часот во маркет на подрачје на Аеродром вработената А.Р.(18) од Скопје била физички нападната од едно женско лице, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Мактел дознава дека кавгата била затоа што жената одбила да носи маска во маркетот и лута затоа што и било речено да стави маска станала агресивна.