СО ВАКВИ ЛИ ЌЕ ИДЕМЕ ВО ЕВРОПА, СО ВАКВИ ЌЕ ИДЕМЕ САМО ВО ЏУНГЛИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА АФРИКА: ПА ДОБРО БЕ ЧОВЕЧЕ ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН?!?!
СО ВАКВИ ЛИ ЌЕ ИДЕМЕ ВО ЕВРОПА, СО ВАКВИ ЌЕ ИДЕМЕ САМО ВО ЏУНГЛИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА АФРИКА: ПА ДОБРО БЕ ЧОВЕЧЕ ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН?!?!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ПРОТИВ БАЕРН МИНХЕН НА МАРАКАНА ПРЕД 100 000 НАРОД ВО 1979-ТА, ПУБЛИКАТА Е ТОЛКУ ГЛАСНА ШТО ТВ ВОДИТЕЛОТ СЕ ДЕРЕ И ПАК НИШТО НЕ СЕ СЛУША!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ПРОТИВ БАЕРН МИНХЕН НА МАРАКАНА ПРЕД 100 000 НАРОД ВО 1979-ТА, ПУБЛИКАТА Е ТОЛКУ ГЛАСНА ШТО ТВ ВОДИТЕЛОТ СЕ ДЕРЕ И ПАК НИШТО НЕ СЕ СЛУША!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ

ШТО СОДРЖИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПОПИС КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ: Ќе се попишуваат и државјани на РСМ што се на работа во странство а имаат тука живеалиште, предвидено е глоба во износ од 200 до 300 евра ќе се изрече за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците за Пописот или ако даде неточни податоци

Ниту од образложението на Законот, ниту од табелите на коресподентност не може да се согледа во што се состои „делумната усогласеност“ со посочените стандарди за попис, пишува Дојче веле.

Политичка или статистичка операција, попис според стандардите или надвор од нив? Ова се клучните теми на кои власта и опозицијата разменуваат пораки околу Предлог- законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

Ако клучните фактори за успех се консензус и доверба во процесот, нив сега ги нема. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара власта веднаш да го повлече предлог-законот за попис, за да се постигне општ консензус, а доколку тоа не се случи партијата најави дека ќе почне инцијатива за собирање граѓански потписи за поништување на насилниот закон за попис.

Делумна усогласеност

Дали законскиот предлог ги следи стандардите во оваа област?

Во образложението се вели дека решенијата кои се предлагаат произлегуваат од меѓународно прифатени стандарди кои секоја држава треба да ги исполни заради единствена обработка на статистичките податоци. Земени се предвид Резолуцијата 2005/13 на Економскиот и Социјалниот совет на ОН (ECOSOC) усвоена во јули 2005 година и Меѓународните препораки на ОН за пописите на населението околу 2020 година. Во прилог на Законот се дадени табели на кореподентност со четири регулативи на ЕУ (од шесте што се однесуваат на попис во ЕУ). Во сите се тврди дека има делумна усогласеност. Но, експерти кои ги консултираше ДВ, велат дека „ниту од образложението на Законот, ниту од табелите на коресподентност не може да се согледа во што се состои ‘делумната усогласеност’, односно кои стандарди се применуваат и како”.

Според нив, факт е дека голем дел од одредбите кои по природа се технички ќе бидат содржани во Методологијата што треба да ја донесе Заводот за статистика, но сепак во Образложението на законот треба да биде јасно кои главни стандарди се применети, кои не, и зошто.

Иако владејачкото мнозинство безрезервно го брани предлог- законот, во редовите на власта не се сите расположени да даваат одговори за некои клучни прашања поврзани со пописот.

Засега нема јасен одговор зошто Законот за попис ќе биде усвоен без претходно да биде позната методологијата по која што ќе се попишуваат граѓаните. А токму такво решение е предвидено со членот 54 од предлог законот: „Методологијата за пописот и прашањата содржани во пописната апликација за спроведување на Пописот ќе се утврдат од страна на директорот на Државниот завод за статистика и ќе се објават во „Службен весник на Република Северна Македонија“, во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на овој закон“.

Во 2019 година во 13 општини беше спроведен пробен попис, но тогаш повеќе внимание беше посветено на функционирањето на апликативното решение, а не на методологијата, и се говореше за подготовка во 45 пописни реони, за разлика од сега предвидените 50.

Она што предизвикува недоверба во процесот, е законската одредба за „врзани потписи“ на директорот на Државниот завод за статистика и на неговиот заменик. Според член 17, став 3, „сите акти во врска со Пописот и за кои е утврдено директорот на Државниот завод за статистика да ги донесува согласно овој закон, пред нивното донесување, директорот на Државниот завод за статистика и заменикот на директорот на Државниот завод за статистика ги разгледуваат и заедно ги одобруваат со парафирање дека се согласни со текстот на истиот. Според став 4, „доколку актите директорот на Државниот завод за статистика ги има донесено спротивно на став (3) од овој член, се смета дека истите не произведуваат правно дејство”.

Иако на собраниската говорница ова решение беше објаснето како спречување измама на етничка основа, сомнежите се дека токму тоа може да води кон договор за „усогласување на етничките проценти”.

Матичен број и прашалник

Според член 6, со пописот ќе бидат опфатени лица државјани на Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во земјата, без оглед дали во моментот на пописот се наоѓаат во државата или во странство; странски државјани кои престојуваат во земјата со одобрение за престој; и лица без државјанство кои во моментот на спроведување на пописот се затекнати во Северна Македонија. За лицата – државјани на Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, податоците ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот.

Опозицијата стравува дека на ваков начин може да се манипулира со бројот на резидентното население.

„Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти односно се наоѓаат на територијата на Република Македонија?“, праша вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека дале предлог за попишување со помош на терминали за отчитување на отисокот од прст, кој може да гарантира дека навистина ќе биде попишано резидентното население.

Според законското решение, за лицата-државјани на Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе се овозможи и самопопишување во периодот од 1 март до 21 април 2021 година на посебна апликација која е достапна на веб страницата на Државниот завод за статистика, каде треба претходно да се регистрира, а пополнетите обрасци по електронски пат преку апликацијата да ги достави до Државниот завод за статистика.

Директорот на заводот, Апостол Симовски, вели дека за нивното попишување не е доволен само матичен број.

„Не се дава само матичен број. Таму има околу 50-60 прашања за лицата. Нормално, зависи од тоа дали лицето е вработено, дали е ученик, студент, возрасно лице, пензионер… Значи, не може да дадете само име, презиме, матичен број, адреса и етничка припадност. Мора да има полн прашалник, не може да се прифати половичен прашалник“, изјави Симовски.

Дури и да бидат дадени погрешни факти, штом податоците ќе стигнат до ДЗС, се прави проверка во други бази кои се достапни.

Глоба во износ од 200 до 300 евра ќе се изрече за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците за Пописот или ако даде неточни податоци. Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години. Ако делото го стори учесник во Пописот или друго службено лице при спроведувањето на Пописот, ќе се казни со казна затвор од најмалку пет години.

Лошо искуство

Пописот од 2002 година е последниот што е спроведен во земјата. Во 2011 година започна, но не заврши планираниот попис. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција водеше предистражна постапка за причините поради кои пропадна пописот. Во 2017 година предметот го презеде СЈО и во март 2018 отвори истрага. Од септември 2019, по примопредавањето на предметите на згаснатото СЈО, случајот повторно е во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За случајот се осомничени партиските лидери Никола Груевски и Али Ахмети. Според обвинението, по започнувањето на постапката за попис сфатиле дека тој ќе им нанесе штета на тогаш владејачките ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, па водејќи се од лични интереси и со цел задржување на моќта, ја прекинале постапката. Според она што го презентираше обвинителката Фатиме Фетаи, со прекинатиот попис Груевски и Ахмети го оштетиле буџетот за над 175 милиони денари.

loading...

AniWatch watch animes: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 7

4Anime animes online: DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 24