Од вчера вработените во ТВ Алфа се во активен штрајк, новинарите и снимателите не одат на работа.
Дека нешто не штима се виде синоќа кога за прв пат немаше емисија Заспи Ако Можеш со македонските Бивис и Батхед, Горан и Драган.
Денеска на телевизијата се емитуваат само кратки исечоци снимени од пресови без коментари.
Дознаваме дека вработените немаат земено 3 месеци плата, им ветувале дека ВМРО ДПМНЕ ќе направи влада и пари за телевизијата ќе стигнат од владата водена од Мицковски, ама ништо од тоа…