Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пред неколку дена ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.
Освен тоа, тој ја побара за жена својата дологодишна девојка, а тоа се дел од причините за гостувањето во Бекстејџ. Во интервјуто зборува за љубовта, но и плановите за свадба.
Крајот на разговорот бил резервиран за музиката. Малкумина знаат дека Иван е голем љубител на музиката и има свој бенд.
Нека му е со среќа на дечкото, му посакуваме среќа долг брак со многу дечиња, тој нема никаква вина за злосторите против народот и земјата на своите родители, децата мора да се тргнат од политичката бнитка во земјава, тие се апсолутно невини во приказната за политичките потези на родителите. Вината е секогаш индивидуална, никогаш колективна.