Претседателката на Советот на општина Кратово Весна Петрова со старите методи од режимот на СПМ и ВМРО ДПМНЕ (не)знаејќи математика констатира донесување на одлука со 6-За, 4-Против и 2-Воздржан.
Вакво криминално владеење е својствено само за режимот на Груевски и Ѕинго!
Советничката група на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија при Советот на општина Кратово ја известува јавноста за следното:
Советот на општина Кратово на седницата оддржана денес 21.04.2022 година, на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и СПМ донесува одлука за разрешување на член на УО на ООУ„Кочо Рацин“ Кратово на начин на кој што се прекршуваат одредбите од член 41 од Законот за локална самоуправа.
Имено, со член 41 став 2 од Законот за локалната самоуправа е утврдено дека Советот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови, ако со закон и со статут поинаку не е определено. Од вкупно 15 присутни членови на Советот, гласаа 12 члена на советот, од кои за усвојување на одлуката 6 гласаа ЗА, 4 гласаа ПРОТИВ и 2 гласаа воздржано. Иако, при донесувањето на одлуката немаше мнозинство гласови од присутните членови на советот, Претседателот на Советот констатира дека е донесена одлуката.
Исто така, со 6 гласа ЗА, 4 гласа ПРОТИВ и 2 гласа ВОЗДРЖАН Претседателот на Советот констатираше дека е донесена одлука за именување на нов член во УО на ООУ„Кочо Рацин“ Кратово.
За неведеното прекршување на Законот за локалната самоуправа, советничката група на СДСМ ќе ги информира надлежните институции и ќе побара одговорност.
Претседателот на ОО на СДСМ Кратово Влатко Бојковски во Facebook статус објави дека ќе има кривична одговорност за сите учесници во криминалното носење на одлуки.