УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Од 81-та седница на Владата: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства; Предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија оди во Собранието; Јунските пензии ќе се исплаќаат од 29 јуни

БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ
Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција
Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција

СКОПЈАНИ ЛУПНАА 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА СКОПЈЕ 2014-ТА, БИТОЛЧАНИ СЕ НАМАЧИЈА ОФИЦЕРСКИ ДА ГО ВРАТАТ ВО СТАР ИЗГЛЕД: ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА ПОЛЕКА ГО ВРАЌА СТАРИОТ СЈАЈ ОТКАКО ДОБИ НОВА ФАСАДА, ДОГРАМА И ВИТРАЖ

На објектот му е вратена оригиналната боја која беше одредена преку конзерваторски истражувања и соодветни хемиски анализи (Фото: СДК.МК)

Битолскиот Версај го враќа сјајот и станува повторно архитектонски украс на Широк Сокак. Реставрацијата на Офицерскиот дом во Битола е при крај. Обновена е фасадата која со години се уништуваше, беше оставена на забот на времето, исчкртана со недолични пораки и оштетена од влага. На објектот му се врати оригиналната боја што ја имаше откако беше изграден, иако во долгиот период на опстојување, од почетокот на 20. век, фасадата во повеќе наврати го менувала својот колорит. Од Завод и музеј велат дека најстариот или оригинален слој на фасадата на Офицерски дом беше одреден врз основа на конзерваторски истражувања и соодветни хемиски анализи од страна на стручни лица.

На катот се монтирани витраж стаклата како составен дел на фасадната столарија (Фото: СДК.МК)

Архитектонскиот бисер на Битола го враќа сјајот и во внатрешноста. Од Општината соопштија дека се работи на сите катови. Комплетно е заменета старата дограма, во завршна фаза се поставувањето на инсталациските системи и репарација на ѕидовите. На катот се монтирани внатрешните прозорци, витраж стаклата како составен дел на фасадната столарија. Електриката и осветлувањето на приземјето и катот се речиси завршени, а во тек се активности за поставување на централниот лустер на соодветен механизам. Тоа ќе биде нов лустер, специјално нарачан од Турција и ќе ја краси и осветлува свечената концертна сала. Стариот лустер беше уништен пред четири години, кога, оставен без никаква грижа во руинираниот дом, се сруши на подот. Остатоците се наоѓаат во Завод и музеј, каде ќе се репарира и ќе се постави во музејска поставка. Дури и половниот паркет од Офицерскиот дом е поставен во новиот изложбен салон во Завод и музеј Битола, чие опремување привршува. Во Офицерски се работи и на поставување нов интарзивен паркет, мермер на приземје и епоксиден под. Санитариите се комплетно опремени.

Реставрацијата на Офицерскиот дом се изведува во рамките на проектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот Регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом со партерно уредување“, за кој Општина Битола доби средства од европските ИПА фондови. Вкупната вредност е 58.792.610 денари, од кои Општината обезбеди над 5,8 милиони. Дополнително, од локалната самоуправа се вложени два милиона денари во атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Домот е изграден во времето на управникот на битолскиот вилает Абдул Керим паша, подоцна беше во сопственост на армијата, па на различни министерства. Владата на ВМРО-ДПМНЕ пред четири години објави оглас за негова продажба по почетна цена од 900.000 евра, но битолчани излегоа на протест, па објектот беше пренесен во надлежност на Општина Битола.

По ова, градоначалникот Владимир Талески вети дека од Офицерскиот дом ќе направи куќа на културата, но не беше ништо преземено. Неговата наследничка Наташа Петровска пред три години вети дека ќе го реставрира Офицерскиот дом и наскоро се очекува датумот кога комплетно ќе завршат реставраторските активности.

loading...

AnimeDao sword art online animedao: Dragon Ball (Dub) (https://animedao.nl/m/K23) Episode 153

WCOStream anime websites: Naruto: Shippuden (https://wcostream.cc/m/kzw) Episode 500