Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени

СКОПЈЕ СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА АНТИФАШИЗМОТ – „Некои наши соседи со негирањето на нашиот антифашизам ги негираат и сопствените антифашисти” – Петре Шилегов

СКОПЈЕ СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА АНТИФАШИЗМОТ

„Некои наши соседи со негирањето на нашиот антифашизам ги негираат и сопствените антифашисти” – Петре Шилегов

Со положување цвеќиња и со кино-проекција на филмот „Ослободувањето на Скопје“ Градот Скопје вечерва ја одбележа 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021). Чествувањето се одржа пред Споменикот на одредот, во Карпош 3, а присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, граѓани, борци и министри и министерки во Владата на РСМ.

– Ми претставува голема чест и задоволство да Ви го честитам овој голем јубилеј – 80 години од формирањето на првиот Скопски партизански одред, а воедно и да ви пожелам уште многу вакви јубилеи да прославиме заедно. Формирањето на првиот скопски партизански одред е голем и значаен настан за македонската историја и историјата на нашето Скопје. Да се формира народно ослободителен партизански одред во 1941 година (на 22 август) претставува чин на огромна храброст, одлучност и хуманост на 12 луѓе подготвени со живот да ја платат слободата, започнувајќи голема борба против фашистичките окупатори и нивните слуги. Да не заборавиме дека токму Скопје во далечната 1941 година беше еден од двата центра на тогашната бугарска административна, воена и полициска структура во Македонија. Во Скопје, на 22 јуни 1941 година, била формирана Воена комисија, која во улога на воен штаб, организирала низа подготвителни активности за отпочнување на оружената борба, а за таа цел на истиот состанок била донесена и одлуката за формирање партизански одред кој на почетокот бил составен од 12 припадници. Подоцна нивниот број пораснал на 42 кои биле од различна етничка припадност, а сепак се обединиле околу една единствена идеја – слободата – рече вечерва во своето обраќање пред присутните на чествувањето, градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека Скопскиот партизански одред по својата разноликост наликувал на денешно Скопје во мало – во него членувале припадници на сите етнички заедници Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци, Турци, Роми, Власи… имало и жени, партиски и непартиски активисти, сите млади луѓе од најразлични струки, сите со една заедничка антифашистичка мисија – ослободување од фашистичкиот окупатор.

– Диверзантските акции биле основен белег на овој предпартизански период. Првата диверзантска акција во Скопје била изведена на 5 јуни 1941 година, кога на воениот аеродром бил запален еден германски транспортен авион. Во предвечерието на формирањето на скопскиот партизански одред, извршена била и диверзантска акција во рудникот Радуша, со цел одземање на експлозивен материјал. Токму членовите на скопските диверзантски групи го сочинувале јадрото на првиот скопски партизански одред. Затоа уште еднаш заедно да им се заблагодариме за нивните херојски дела на: Чедомир Миленковиќ, Дане Крапчев, Боте Боцевски, Невена Георгиева – Дуња, Раде Јовчевски – Корчагин, Благој Деспотовски – Шовељ, Стерјо Кранго – Дучо, Боро Ончевски, Боро Трајковски – Ѓуро, Ацо Смилковски, Павле Момчиловиќ и Светозар Томиќ. Од вкупно 42 партизани на одредот, 17 го загубиле животот во текот на војната. Тројца од нив: Александар Урдаревски, Раде Јовчевски Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои. Затоа драги мои скопјани, ние немаме од што да се срамиме и секогаш со гордост се сеќаваме на нашата историја. За разлика од нас, некои наши соседи кои во минатото често биле на погрешната страна, преку обидите за интервенции во нашата историја се обидуваа да избришат делови од сопственото минато, притоа заборавајќи дека негирањето на нашата антифашистичка борба е истовремено негирање и на сопствените антифашисти – нагласи Шилегов.

Градоначалникот Шилегов се обрати и кон борците – ослободители велејќи дека е чест и задоволство да се биде дел од генерациите кои имаа можност директно од нив да ги слушаат нивните сведоштва за бројните херојски борби, кои со нескриен слободарски дух се воделе во текот на војната.

– Во името на сите Вас, во името на патриотизмот, храброста и пожртвуваноста, во името на положените животи, да ги негуваме традициите од Народноослободителната антифашистичка војна во Македонија и да ги зачуваме придобивките од револуцијата. Тоа ви го должиме вам, им го должиме на сите борци, но и на сите сегашни и идни генерации кои денес живеат слободно во сопствената татковина. Нека ни е честит овој јубилеј. Нека е вечен споменот на вашата храброст. Нека е вечна слободата – рече Шилегов, во своето обраќање.

Со почит,
Град Скопје

loading...

AnimeBee: Futsuu no Joshikousei ga [Locodol] Yattemita. OVA anime episode 2 online free at https://animebee.to watch anime dub

The Little Norse Prince Episode Full

Website https://animetv.cc: Watch UFO Senshi Dai Apolon (Dub) animetv Episode Full ha anime tv

WCOStream: Xin Shen Bang: Nezha Chonsheng anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream cartoons

Kenhsinhvien: https://kenhsinhvien.vn/wall/animefreakws.1087747/#about

Ttytdp soytedienbien: http://ttytdp.soytedienbien.gov.vn/portal/Lists/Faq/DispForm.aspx?ID=1798