„Слимлајн“ капсули произведени за Македонија, повлечени од српскиот пазар зашто во нив имало „прозак“ антидепресив

Антидепресивот „прозак“ го имало во капсулите за слабеење „Слимлајн“ увезени во Србија од Македонија во 2017 година, што претставувало причина српското Министерство за здравство да ги повлече капсулите од српскиот пазар и да објави предупредување до српската јавност дека не се безбеден диететски производ. На амбалажата од диететскиот суплемент, како што известило тогаш Министерството за здравство на Србија, пишувало дека „Слимлајн Софтгел“ капсулите (36 во пакување) биле произведени за Слимлајн во Скопје Македонија и дека српска фирма ги увезла од Македонија во Србија и ги пласирала на српскиот пазар. Капсулите, според декларацијата залепена на оригиналната амбалажа, биле произведени од истата кинеска фирма што ја произвела и серијата во која имало опасен и забранет супресант за глад ,,сибутрамин” – Кунминг Лингкао Биотехнолоџи. Капсулите биле повлечени од српскиот пазар на 28 септември 2017 година.

„Прозак“ или флуоксетин е лек од групата антидепресиви од втората генерација, кој се употребува за ментална депресија, опсесивно компулсивни пореметувања и за булимија нервоза. Слабите несакани дејства од него се замор, вртоглавица, несоница, поспаност, нервоза, вознемиреност, дијареа, повраќање и гадење, а сериозните се отекување на лицето, усните или грлото и осип, како и влошување на депресијата, самоубиствени нагони и конвулзии (мускулни грчеви по целото тело). Во Македонија „прозак” се дава само на рецепта препишан од специјалист.

Компанијата „Слимлајн“ од Скопје, деновиве е изложена на јавниот интерес, откако новинарите на Истражувачка репортерска мрежа (ИРЛ) објавија дека во скопскиот кривичен суд се одвива судски спор во кој странки се споменатата фирма и ракометарот Горан Кузмановски. Кузмановски во 2018 година од аптека купил капсули ,,Слимлајн Адванс” за кои на амбалажата пишувало дека се од природни состојки. Но, веднаш по нивното конзумирање, ракометарот паднал на допинг тест бидејќи во неговото тело имало сибутрамин – опасен супресант на глад, кој не е дозволен за увоз во Македонија ни во лекови, а камоли во додатоци за исхрана. Самоубиства, акутни кардиоваскуларни патологии со фатален исход, зависност, срцеви проблеми се само дел од низата причини поради кои тој е забранет. Во некои држави може да се добие исклучиво на рецепта и тоа за лица со индекс на телесна маса над 30, односно за обезни пациенти.

Единствениот нов суплемент што Кузмановски го користел во исхраната тогаш, биле Симлајн Адванс капсулите, што го мотивирало да ги испрати истите на Хемискиот факултет во Белград. Резултатите покажале дека во серијата што ја испратил и која била анализирана во Србија – сибутрамин имало. Тогаш Агенцијата за храна и ветеринарство, заради случајот на Кузмановски решава да покрене постапка против Слимлајн која уште трае во скопскиот кривичен суд.

Како се случило во аптека да се продава забранета супстанца?
„Слободен печат“ се обрати до Агенцијата за храна и ветеринарство да праша како е можно, ако постојат контроли на диететските производи и суплементите, ваков производ со „сибутрамин“ да биде купен од аптека и воопшто да се најде на рафтовите. Оттаму ни објаснија дека Агенцијата им дала на Слимлајн мислење дека производот е усогласен со националните прописи. За да го добие ова мислење, фирмата Слимлајн ги следела прописите во однос на составот, означувањето и бараната документација содржани во два правилника на АХВ.

,,Како доказ за составот на производот се бара заверена производна спецификација од страна на производителот во однос на квалитативниот и квантитативниот состав на производот. Во случаи кога подносителот на барањето не може да обезбеди ваков документ, тогаш операторот со храна до Агенцијата за храна и ветеринарство треба да приложи резултати од извршени лабораториски анализи за составот на производот, односно за видот и количината на состојките. Во случаи кога производот содржи билки кои се на Листите на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, операторот со храна треба да приложи и доказ за слободна продажба во земја членка на ЕУ од надлежна институција или Мислење во однос на составот на производот и неговите фармакодинамски, фармакокинетски и токсиколошки карактеристики издадено од научни институции (Медицински или Фармацевтски факултет-Скопје), велат од Агенцијата за храна и ветеринарство за Слободен печат.

Сите овие документи Слимлајн ги доставиле и дозвола добиле. Тоа за „Слободен печат“ го потврди и сопственичката на фирмата, Марија Костовска.

Меѓутоа, инспекторите на АХВ не го откриле „сибутраминот“ во овие апчиња додека ракометарот не добил позитивен допинг тест, а апчињата веќе биле на рафтовите во аптеките и на социјалните мрежи, заедно со другите одобрени додатоци на исхрана.

,,Инспекциските служби на Агенцијата контроли вршат во случај на постоење сомнеж или појава на инцидент кај одреден производ од оваа категорија и врз основа на конкретни програми подготвени врз основа на ризик. Во случајот со овој производ, во сертификатот од лабораториските анализи, во производната спецификација издадена од производителот и на оригиналната амбалажа не е наведено присуството на состојката сибутрамин. Од страна на АХВ поднесени се пријави до Министерството за внатрешни работи за блокирање на веб страните на кои се продаваат производи на Слимлајн”, велат од АХВ.

Фирмата Слимлајн пак, демантира дека има наредба да им се укине веб страницата. Тие велат дека со нивното име има повеќе фирми во повеќе држави, но не се поврзани со скопската, немаат иста сопственост, а тие фирми продаваат исти или слични производи кои веројатно ги увезуваат од ист производител (кинескиот н.з). Од Слимлајн велат дека производите што ги продаваат во моментот, а тоа се чај, кафе и капсули со малина се наполно здрави суплементи и дека тоа го потврдила Агенцијата за храна.

,,Супер Слим капсулите не се предмет на никаква постапка и се испитани од АХВ и постои потврда за нивната безбедност. Исто така, чајот и кафето кои од АХВ се категоризирани како храна а не додаток на храна, при секој увоз подлежат на санитарна контрола. При инспекцискиот надзор на АХВ е констатирано дека овие производи се безбедни за користење, а дополнително и ние како компанија веќе поучени од ваквите обиди за оцрнување на нашата компанија правиме тестови со кои ја потврдуваме нивната безбедност”, децидни се од Слимлајн.

Како што веќе пишувавме, Слободен печат ја пронајде фирмата што ја произвела спорната серија апчиња брендирани како ,,Слимлајн Адванс”. Станува збор за фирмата Кунминг Лингкао Биотехнолоџи Ко. Лтд од Кина. На интернет пишува дека можат да произведат висококвалитетни хербални и ајруведа производи, препарати против опаѓање на косата, препарати за слабеење и подобрување на машката сексуалност. Фирмата е основана во 2004 година, има 7 ленти за производство, а извоз според нивниот профил имаат во Австралија, Канада, Германија, Холандија и Велика Британија како и во источна Европа.

Слободен печат откри дека на интернет постои цела база налик на Али Експрес за капсули и суплементи во исхраната, препарати за слабеење и други апчиња, кои од Кина може да се нарачаат во целиот свет со достава, во огромни количини за багателни цени од 0.2 долари по парче, а за кои производителите односно кинеските фирми тврдат дека се природни и дека помагаат во одржувањето на линијата. Дилемата е што има во овие апчиња и дали може да им се верува на производителите дека ставаат само природни состојки во нив.

Во повеќе европски држави и во САД веќе има случаи кога препродавачите на апчиња за слабеење од Кина, се осудени на затворски казни. Американската агенција за храна и лекови ФДА, на 8 октомври 2019 година објави дека жена од Охајо нарачала апчиња за слабеење од Кина што содржеле сибутрамин и потоа ги ребрендирала и ги продавала по осум пати повисока цена. Ги купувала за пет долари, а ги продавала за четириесет и тоа на веб страница што ја креирала за таа намена. Апчињата во лабораторијата на американската агенција за храна и лекови се покажало дека имаат сибутрамин, по што жената добила шест месеци домашен притвор, три години условна казна и 80 часови неплатена општествена работа.

tải sunwin apk

sun win

sunwin

tải sunwin

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu tải sunwin apk