Славата и парите прават една фатаморгана за спортистите. Тие како и глумците на пример, се тешки простаци. Ај барем глумците обично имаат завршено некоја филмска академија итн итн, иако во Холивуд некои стануваат славни само со курсеви по глума…
Спортистите како и глумците не се некои начитани луѓе со многу искуства во животот, немаат некоја интелигенција висока и мудрост, туку се работи за посветување на својот живот на една работа било да е тоа трчање по топка или добро рецитирање на текст што некој друг го напишал, друг ги нашминкал им сошил облкека употребил специјални ефекти итн итн..
Они само се родиле убави или талентирани со добра физичка кондиција и стануваат мега популарни и мега богати, но во основа се работи за тешки простаци.
Случајот со Новак Ѓоковиќ покажува дека целиот живот посветен на часови и денови поминати во лупање бело топче со рекет те прави фантастичен тенисер но во мозокот си обичен простак неписмен што мисли дека вакцината е поголема опасност од пандемијата која уби милиони луѓе ширум светот?!?!
И многу други спортисти вака се имаат избрукано, Мајк Тајсон заглави во затвор со серија силувања, голферот Тајгер Вудс се изгупира кога се дозна дека ја изневерил жена му со 20 проститутки, само Мајкл Џордан нема направено некоја будалаштина и уште држи високо ниво во американсата и светска јавност, но он е еден од ретките.
Токму тоа дека се тешки простаци се гледа и по фактот што 90% од спортистите многу бргу ги губат сите заработени пари во промашени инвестиции и преголемо трошење и завршуваат на просјачки стап, па многу НБА ѕвезди денеска работат како таксисти или вратари во дискотеки.
За жал таков е денешниот современ свет, многу пославни се овие спортиски и глумци отколку лекари хуманитарци филозофи изумители на лекови и вакцини, политичари кои спасиле војни итн итн, многу пославни и побогати се некои простаци кои знаат да трчаат по некоја топка по зелена трева или да лупаат топче со рекет или брзо да возат кола во кругови…