(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!

СМЕШНА ОДЛУКА НА СЕММ, ОДЛУЧИЈА ДЕКА ГЕРО ОД ПЛУСИНФО НЕ НАВРЕДУВАЛ НОВИНАРИ КОГА ГИ НАРЕКУВАЛ ПЛАТЕНИЦИ НА ЗАЕВ?!?!

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата
одржана на 24 декември 2020 година, врз основа на примена жалбa од Саше Ивановски, ја
донесе следната:
О Д Л У К А

ЖАЛБАТА СЕ ОТФРЛА КАКО НЕОСНОВАНА
Интернет – порталот „Плусинфо“, со текстот насловен „Заевото дереџе“,
не ги прекршил етичките и професионални стандарди.

До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија, на 26 ноември
2020 година, Саше Ивановски поднесе жалба за колумната со наслов „Заевото дереџе“,
објавена на 26 ноември 2020 година, на интернет – порталот „Плусинфо“ (www.plusinfo.mk).
Ивановски наведува дека во оспорената содржина бил наклеветен дека зел пари од
премиерот Заев за да го брани.
ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ

Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на
Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со интернет –
порталот „Плусинфо“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата.
Раководителот на медиумот и автор на оспорената колумна, Бранко Героски, ја отфрла
жалбата како неоснована. Смета дека најверојатно дошло до превид од страна на жалителот,
кој, најверојатно, не го разбрал предметниот текст. Објаснувајќи го значењето и структурата
на колумната, вклучително и на делот во кој е споменат подносителот на жалбата, Геровски
вели дека во содржината нема никаков клеветнички или навредлив контекст. Тој уверува дека
од наведениот текст воопшто не се заклучува дека Ивановски „зел пари да го брани Заев“,
како што забележува жалителот и ги образложува речениците кои следат и претходат на
делот каде што е споменат Ивановски.

„ПОСЛЕ овој параграф, во текстот следи нов, во кој се вели: „Кога ќе сфатиш дека те
разбираат и те оправдуваат САМО УШТЕ НЕКОЛКУМИНА кои се платени да го прават
тоа, имено невозможното…“ 2 Фразата „САМО УШТЕ НЕКОЛКУМИНА“ и особено зборот
„УШТЕ“ (значи, уште некој друг, уште неколкумина други), јасно и прецизно укажува дека
ПОКРАЈ спомнатиот Тричко во првиот параграф на текстот и ПОКРАЈ спомнатиот
Саше Политико, се посочува на САМО УШТЕ НЕКОЛКУМНА, кои се платени да го прават
тоа – да ја разбираат и да ја оправдуваат позицијата на премиерот Зоран Заев“, појаснува
Героски во одговорот на жалбата и смета дека се работи за непотребна самоидентификација
на жалителот.

ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ

Комисијата за жалби утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА и едногласно одлучи дека нема
прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија.
Утврдувањето на евентуалното постоење клевета, на кое упатува жалителот, не е во
надлежност на Комисијата за жалби.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА
На седницата на 24 декември 2020 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа
наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина.
Комисијата, најнапред, утврди дека се работи за авторски коментар/колумна, новинарски
жанр кој сам по себе дозволува послободен израз, преку кој авторот може да ги искаже своите
ставови и вредносни судови и до степен на претерување, но тоа право, секако, не е
неприкосновено и не смее да ги надмине границите на слобода на изразување.

И покрај тоа што авторот на текстот користи критички, зајадлив и провокативен јазик,
Комисијата не најде елементи кои упатуваат на прекршување на професионалните и етичките
стандарди, ниту на надминување на разумните граници на слобода на говор. Во однос на
забелешката на подносителот на жалбата дека во текстот тој бил посочен дека „земал пари
од премиерот Заев за да го брани“, Комисијата не препозна такви експлицитни наводи. Став
на Комисијата е дека жалителот е споменат во поинаков контекст, а од содржината не може
да се утврди на кого сè алудира авторот во делот: „само уште неколкумина кои се платени“:
„Кога ќе паднеш на тоа дереџе да те „објаснува” еден Саше Политико, кој кога со
тебе интимизира лично ти се обраќа со веќе митската фраза „јас будала на тебе
будала”. Да го немаше, ќе требаше да го измислиме, нели?“
„Кога ќе сфатиш дека те разбираат и те оправдуваат само уште неколкумина кои
се платени да го прават тоа, имено невозможното…“

Според горенаведеното, Комисијата утврди дека колумната на „Плусинфо“ не отстапува од
професионалните стандарди и не го прекршила Кодексот на новинарите.
Во однос на наводите на жалителот дека оспорениот прилог содржи клевета, Комисијата се
согласи дека, и во случајов, останува на веќе воспоставената пракса и надлежности да не
расправа и утврдува евентуално постоење на навреда и клевета. Став на Комисијата е дека
таквата проблематика е судска материја. Надлежност на Комисијата е единствено да ги
утврдува етичките и професионалните стандарди во новинарскиот производ и да утврдува
евентуално прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија.

Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено.
Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Теофил Блажевски,
Лилјана Пецова – Илиеска и Ердем Ахмет.
Се обврзува интернет – порталот „Плусинфо“ (www.plusinfo.mk), во согласност со
членот 18 од Деловникот за работа на Комисијата за жалби, да ја објави оваа одлука.
Со почит,

Совет за етика во медиумите на Македонија Претседател на Комисијата за жалби
Мирче Адамчевски

ОДГОВОР НА МАКТЕЛ.МК

Почитувани сте дозволиле од икс причини, дали замор дали брзање дали поради неговиот авторитет тој да ве превесла.

Фразата САМО УШТЕ НЕКОЛКУМИНА треба да се гледа во целост на контекстот на кој е употребена.

Тој вели – “ОСТАНАЛЕ ДА ТЕ БРАНАТ САМО УШТЕ НЕКОЛКУМИНА” значи дека фразата се однесува дека од СИТЕ, ОД ЦЕЛОТО, останале САМО УШТЕ НЕКОЛКУМИНА ДА ТЕ БРАНАТ ЗА ПАРИ, се мисли на нас споменатите, тие сме оние кои УШТЕ ГО БРАНИМЕ затоа што сме платени, а зборот УШТЕ се мисли дека кај да е и ние ќе престанеме да го браниме, на тоа алудира авторот а потоа вешто ве превеслал со аргументите на бранењето а вие сте се упецале на тоа или од немарност или од симпатии према авторитетот на авторот.

Но тој човек бил 30 години уредник во 10-тина медиуми и веројатно умешноста да манипулира го задржало на тие позиции па не треба вие сега многу да бидете претерано само-критични што сте дозволиле да ве превесла и излаже, едноставно се работи за опасна ѕверка.

И покрај оваа ваша смешна аматерска грешка која фрла дамка врз вашата институција, јас ќе продолжам да соработувам со СЕММ.

Поздрав, Саше Политико
Мактел.мк

loading...

https://animeflv.uk devilman crybaby animeflv

Watch anime online for free at AnimeTV anime online

Watch Xenosaga The Animation Episode 12

Seishun Buta Yarou wa Bunny Girl Senpai no Yume wo Minai Picture Drama (https://animekisa.in/m/7NZJ) Episode 5

Misterpoll: https://www.misterpoll.com/users/1280280

Zzb: https://zzb.bz/FbeRO