Сасоли ги повика европарламентарците да им искажат почит на жртвите и оцени дека ова се моменти на тага по катастрофалната несреќа
Со минута молк во знак на почит за загинатите во страотната автобуска несреќа во Бугарија почна денешната седница на Европскиот парламент.
Претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли, ги повика европарламентарците да им искажат почит на жртвите и оцени дека ова се моменти на тага по катастрофалната несреќа, во која загинаа 45 лица, меѓу кои и голем број деца.
„Да им испратиме пораки на солидарност на роднините и на блиските, во Северна Македонија и во Бугарија“,
рече Сасоли.