Искористувањето на претпристапните фондови на ЕУ е важно за евроинтеграциите на нашата земја, со оглед на тоа што парите кои нашата земја ги користи од овие фондови се инвестираат во конкретни проекти, кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.
📌 Целосна реконструкција на детската градинка „Сонце “ во Ново Село во износ од 190 илјади евра, до поголема енергетска ефикасност и подобри услови за најмладите во градинките.
Проектот е реализиран во рамките на Програмата Интеррег – ИПА за прекугранична соработка Р.Бугарија – Р.Македонија 2014-2020.
За 2022 година испрограмирани се вкупно 85.000.000 евра ИПА помош за 2022 година, европски средства, за реализација на проекти од граѓаните кои имаат директни придобивки.