СООПШТЕНИЕ
Во периодот од февруари 2022 до март 2023 година во Кавадарци ќе се спроведува проектот„Намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку негова реупотреба и зголемување на социјалната вклученост во општина Кавадарци“. Проектот ќе биде реализиран од страна на Здружението за заштита и унапредување на животната средина “Еко-Живот” Кавадарци, во соработка со средното општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци, Општина Кавадарци и ЈП Комуналец Кавадарци. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), Здружението “Еко-Живот“ од Кавадарци, средното општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци и Општина Кавадарци.
Генерална цел на проектот е намалување на отпадот од мебел и текстил на депониите и јавните површини и негативното влијание на овој отпад по животната средина во општина Кавадарци.
Повеќе информации за активностите ќе добиете со следење на Facebook страната.
Со проектот ќе биде набавена опрема и ќе се обучат лица да поправаат и крерираат мебел.
Обуките за реупотреба на мебел ќе опфаќаат теориски и практичен дел директно поврзани со реупотребата на мебел како препознавање на видови на материјали, обработка, заштита, тапацирање и декор со користење на стар текстил и слично. Со стекнувањето на вештини и знаења преку посетата на обуките, обучените лица ќе добијат можност за подобрување на сопствената социо-економска состојба.
Во секој од циклусите ќе бидат обучени 5 лица или вкупно 10 лица со завршување на проектот.
Првиот циклус ќе се спроведува во периодот април, мај и јуни месец 2022 година.
Обуката е бесплатна и ги охрабруваме сите невработени лица на возраст 18-40 години да се пријават со пополнување на прашалникот подолу. Кандидатите треба да живеат на територијата на општина Кавадарци.
Исто така, се охрабруваат сите кои имаат во своите домови складирано многу стар мебел со емотивно потекло, и кој не сакаат да заврши на депонија или изгорен, да го донираат за целите на проектот со што ќе му дадеме втор живот преку активностите на проектот:
https://survey.app.do/3308830